Завчера (27.06.2013, 17:51), во интервју за дневниот весник Дневник, премиерот на Р. Македонија изјави дека од страна на големите сили се вршел притисок врз Македонија за промена на името на нашата татковина (за целото интервју види: Притисокот за името е врз нас, зашто сме неединствени).
Всушност ваквиот притисок за промена на името на Македонија, односно целосен етноцид на еден народ и земја, од страна на големите сили се врши повеќе од еден век.
На 7 април 1903 година, Султанот на Отоманската империја Абдул Хамид II (анг. Abdul Hamid II) издал наредба во која што се забранува користење на името Македонија. Во оваа наредба пишува:
„Отсега па натаму, во претставките и соопштенијата поврзани со работите на царските вилаети на Румелија, категорично се забранува терминот (називот) Македонија...“ (за повеќе види: Султанска наредба за името Македонија)
Македонскиот професор Владо Поповски во ТВ дебата изјави дека на оваа Султанска наредба, претходел договор (1902-1903) помеѓу министрите за надворешни работи на Русија, Австро-Унгарија и Франција:
„Во осведочувањето на Русија дека се подготвува општо востание, а она е за поделба на Македонија многу децении претходно, од 1886 година, министерот за надворешни работи грофот Ламсдорф [1], му пишува на Урусов [2], амбасадорот, кнез Урусов во Париз, известете го Делкасе [3], министерот на Франција, дека ние со Голуховски [4] се согласивме отсега натаму Македонија да не ја именуваме како Македонија, туку трите турски вилаети. А Македонците да не ги именуваме натаму како Македонци, туку како христијаните од трите турски вилаети...“
Macedonian professor Vlado Popovski explains how the ministers of foreign affairs of Russia, Austria-Hungary and France decided to stop calling Macedonia with its name and pressed the Ottoman Sultan to do the same in February-March-April of 1903. He also briefly tries to explain why Greece has the so-called "name issue" problem with the Republic of Macedonia.Македонскиот професор Владо Поповски објаснува како министрите за надворешни работи на Русија, Австро-Унгарија и Франција решиле да престанат да ја нарекуваат Македонија со нејзиното име и го натерале Отоманскиот Султан да го направи истото во февруари-март-април 1903 г. Тој исто така накратко објаснува зошто Грција го има т.н. проблем "околу името" на Република Македонија.
Отоманските власти оделе дотаму што дури и забранувале зборот „Македонија“ да се користи во Библијата, што е пренесено од американскиот весник The sun, од 16 јуни, 1903 година (за повеќе види: Неуништливото име - Македонија). За овој весник, од Американското библиско друштво преку писмо изјавиле:
„Ние имаме сериозни тешкотии во Турција со одделот за јавни инструкции. Цензорите протестираа за зборот „Македонија“ од Новиот Завет. Нашите апликации за дозвола за нашите нови едиции се подложени на подолготрајно и уште понеразумно одлагање, одошто било кога претходно.“
Проблемот со името и со нашиот идентитет не е од вчера и не е ограничен само во мандатот на актуелната или пак на претходната власт. Тој опстојува веќе со векови.
На нашите непријатели им останува и понатаму да вршат притисок за промена на името, а на нас ни останува обврската пред минатите и идните генерации да не попуштаме и да опстанеме.
[1] Владимир Николаевич Ламсдорф (анг. Vladimir Nikolayevich Lamsdorf рус. Владимир Николаевич Ламсдорф) руски амбасадор за надворешни работи помеѓу 1900 – 1906 година.
[2] Лев Урусов (анг. Lev Vladimirovich Urusov рус. Лев Владимирович Урусов), руски дипломат, амбасадор на Русија во Франција во периодот помеѓу 1897 - 1904 година.
[3] Делкасе (фр. Théophile Delcassé), француски министер за надворешни работи во периодот помеѓу 1898 - 1906 година.
[4] Голуховски (анг. Agenor Maria Adam Gołuchowski), австро-унгарски министер за надворешни работи во периодот помеѓу 1895–1906 година.
No comments:
Post a Comment