5. Прв забележан НЛО од уфологот Стојмир,
31 август 1957, во близина на село Иванчишта, кичевско [1][2][5]
Уфолгот Стојмир Симјаноски за прв пат видел НЛО во далечната 1957 година:
Стојмир Симјаноски [28] „На 31 август 1957 година во близина на моето село Иванчишта прв пат видов летачка чинија. Со десетина селани носевме снопови жито и, додека разговаравме, на небото забележавме необична светлина. На стотина метри над нашите глави забележавме чудно летало во форма на цигара. Беше долго десет, а широко три метри. Предниот дел беше силно осветлен и личеше на кабина, а од задниот дел излегуваше црвена светлина. Одлета до црквичето "Св. Атанасиј", лебдеше над него неколку минути и потоа со голема брзина се упати кон ридот над селото Ехловец. Старците само се прекрстија и рекоа дека е светец.“[5]
Можеби се работи за лапсус или новинарска грешка, но сепак би сакал да спомнам дека според друг извор, леталото не било со форма на цигара туку со конусовидна форма:
„...на 31 август 1957, над селото Иванчишта зад Пресека,-Кичевско, бил виден огромен вселенски конус...“[1][2]
[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006
[28] Писател Стојмир Симјановски, Утрински весник, 16/10/2006
No comments:
Post a Comment