Saturday, June 22, 2013

Забележани НЛО посети во Македонија во шеесетите години на минатиот век

8. Забележан НЛО и вонземјанка,
1961 година, село Дедебалци, битолско [1][2]

Во шеесетите години на минатиот век се евидентирани вкупно 7 вонземјански посети на Македонија. Прва е онаа во селото Дедебалци.

„во 1961 над селото Дедебалци, Битолско, каде што вонземјанка се обидела да се симне од леталото и да влезе во една селска куќа.“[1][2]

9. Забележан НЛО на ден Илинден,
2 август 1961 [1][2]
 

Во истата 1961 година, на втори август, НЛО е забележан во охридско.

„На 2 август 1961 година, на околу 200 метри над земјата, кај Прентов Мост, Охридско, слетала сребренеста топка со пречник од 15 метри. Неа ја видел д-р Наум Целакоски и тргнал да види[1][2]

Можно е оваа НЛО средба да е грешка, види година 1972, пак на ден Илинден (15).

10. Забележана вонземјанка,
1 август, 1964, кај Барбура, врв на планината Јама [1][2]

Во 1964 година е забележана вонземјанка.

„На 1 август 1964, кај Барбура, врв на планината Јама, била видена вонземјанка...“[1][2]

11. Вонземјанката повторно забележана,
јуни 1965, Суви Дол, кичевско [1][2]

Наредната 1965 година повторно била забележана вонземјанка.

„...јуни 1965 таа се појавила и во Суви Дол, Кичевско...“[1][2]

12. Прва медиумски евидентирана НЛО средба во Македонија,
22 август 1967, скопското село Глумово [1][2]

Во 1967 година, една НЛО посета за прв пат во Македонија е медиумски евидентирана.

„Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово.“[1][2]

13. Забележан огромен НЛО,
15 април, 1969 година, Извор, велешко [1][2]

Во 1969 година 20 очевидци виделе НЛО.

„на 15 април 1969 250 ученици кои биле на екскурзија, виделе огромен НЛО над Извор, Велешко.“[1][2]

14. Голем НЛО од кој што излегле 7 помали летала,
септември 1969 година, штипски Кумлак [1][2]

Во 1969 година е виден НЛО над Штип.

„Во септември 1969 бил виден голем НЛО над штипски Кумлак, и од леталото излегле седум помали НЛО, во разни бои.“[1][2]

„Од сите жители во Македонија, штипјани имале најмногу средби со НЛО. Дури над 20. Во неколку наврати тоа биле разнобојни или портокалови кругови над Исарот“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002

No comments: