7. Забележан НЛО над Штип
1957 година, Штип [1][2]
1957 година, Штип [1][2]
Штип е град во кој што се забележани голем број на НЛО. За видени НЛО јавно на телевизија има посведочено и свештеникот кој што ги има венчано моите родители.
Прв евидентиран случај на забележан НЛО над Штип е во 1957 година:
„Од сите жители во Македонија, штипјани имале најмногу средби со НЛО... во 1957 НЛО се спуштил на само 50 метри од куќата на сведокот Петар Бошков.“[1][2]
Најголемиот број на сведоштва за забележани НЛО во Штип се поврзани со штипската тврдина - Исар. Сепак ваквиот голем број на забележани НЛО над штипскиот Исар, скептиците го објаснуваат со тоа што пред неколку години тој беше збиралиште за наркомани кои под дејството на опојните средства имаат видено и почудни работи од НЛО.
[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
No comments:
Post a Comment