На 22 февруари оваа година напишав дека „ако денес тоа се прави преку споменици, пред половина век присеќавањето на македонската историја се изразувало преку стрип“[1] и оп, по неполни два месеци, на почетокот од април, беше објавен стрипот за Александар III Македонски [2].
Автор на сценариото на овој стрип албум, правен според текст на Ниче Димовски, е Оливер Ромевски, цртежот е на Зоран Танев, колорот на Тони Анастасовски, а дизајнот е на Александар Николовски.[2]
Неодамна дознав дека освен овој стрип за Александар III Македонски, веќе три години се објавува стрип каиш за уште една личност од македонскта историја - Марко Крале.
Авторката на тој стрип вели:
“Сметам дека е многу важно нашата историја да биде обработена, како младите би имале увид во нашата историја и воопшто во Марко Крале.“[3]
Но ако мислите дека авторката на стрипот за Марко Крале, под „нашата историја“ мисли на историјата на Македонија, се лажете. Седумнаесет годишната стрип-авторка Невена Митровиќ не е од Македонија, а од Србија.
Секоја чест за неа, а на нас останува да извлечеме поука.
[1] Карпош - стрип, I, Macedonian, 22 февруари 2013[2] Стрип албум за Александар Македонски, MN.mk, 03 Април 2013: „Издаден е нов стрип албум кoј e продуциран од "Del Rio Films". Базичниот текст на Ниче Димовски-Македон е адаптиран од Оливер Ромески, цртежот е на Зоран Танев, бојата е на Тони Анастасовски, а дизајнот и монтажата се на Александар Николовски. Изданието го обработува животот на Александар од неговото раѓање до битката на Хиронеја кога имал 16 години. 50 страни боја, а ќе се продава на сите попристојни продажни места низ Македонија. За животот на Александар Велики-Македонски се планира да се направат уште две стрип изданија.“[3] Avanture Marka Kraljevića u stripu, RTS.rs, 8 февруари 2013: „Smatram da je to veoma bitno za našu istoriju da se obradi, kako bi mladi više imali uvid u našu istoriju i Marka Kraljevića uopšte“
No comments:
Post a Comment