Monday, May 06, 2013

Знамиња и бои

Колку ли само пати сме слушале обвинувања од грчка страна, за тоа дека претходното знаме на Р. Македонија (од 1992 до 1995 година) сме го украле од нив, односно дека тоа претставува копија на знамето на грчката област Македонија.


И додека таквите обвинувања за претходното знаме на Р. Македонија се апсурдни и целосно неосновани (види: Зошто Р. Македонија има право на знамето од 1992 година), истите можеби и би можеле да важат за плакатот на седмиот македонски филмски фестивал (7th Annual Macedonian Film Festival), одржан во Канада (macedonianfilmfestival.com), а помогнат и од Р. Македонија.

Имено, позадината на фестивалскиот плакат е сина со 16 зрачно сонце, што ја прави речиси идентичка со знамето на грчката област Македонија.


Причините зошто организаторите на македонскиот филмски фестивал, односно дизајнерите на самиот плакат, се решиле за позадина која што потсетува на знамето на грчката област Македонија, барем за нас остануваат непознати.

No comments: