И покрај тоа што има мала површина и брои само два милиони жители, според бројот на сведоштва, една од најчестите дестинации на вонземјаните и на НЛО (UFO) е нашата татковина Македонија:
„Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните, тврдат уфолозите. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Македонската земја важи за земја на древни цивилизации, но и за земја на луѓе со чиста душа, кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов.“ [1][2]
Причините зошто вонземјаните би патувале милиони светлосни години за да ја посетат планетата земја, според уфолозите се многубројни:
„Во теориите зошто вонземјаните толку често ја посетуваат нашата планета се наведуваат уште многу други причини. Тие ги проучуваат нашата планета и нашата цивилизација од повеќе аспекти и од повеќе причини, ги привлекуваат нашите рудни богатства и енергија, загрижени се за нас и сакаат да ни помогнат, бидејќи гледаат дека ја уништуваме сопствената планета, имаат намера да не колонизираат, па психички не подготвуваат за големата средба, загрижени се за себе поради нашиот продор во вселената, па сакаат да не спречат или да не упатат, или бараат погодна планета за преселба, бидејќи нивната е веќе уништена. Македонија, велат уфолозите, многу лесно може да се вклопи во која било од овие причини.“[1][2]
Најпознат македонски уфолог е Стојмир Симјаноски[3][4]:
„Симјановски е професор по македонски јазик и книжевност, а работел и како советник за издавачка дејност во Министерството за иселеништво. Тој веќе четириесетина години ги следи трагите на летачките чинии и вели дека нема место во Македонија каде што не истражувал. Автор е на книгата "Мит за сите времиња", во која се собрани сите настани и сведоштва на луѓе што виделе НЛО кај нас или имале средба со вонземјани. Симјановски вели дека за книгата се заинтересирани неколку странски издавачи. Од Светскиот биографски центар од Америка во 1997 година го избрале за "Човек на годината" на прогресивните студии за развој на цивилизациската мисла. Напишал неколку научно-фантастични книги и снимил три документарни филма за појавата на НЛО во Македонија. “[5]
На прашањето зошто вонземјаните и НЛО прелетуваат над нашата земја, уфологот Стојмир Симјаноски[3][4] како главна причина ги посочува духовните вредности на Македонија:
„Уфологијата, односно науката која ги проучува неидентификуваните летачки објекти, тврди дека последниве педесетина години Македонија е под инвазија на вонземјани. Еден од ретките, ако не и единствен фанатичен проучувач за НЛО во Македонија, кичевецот Стојмир Симјаноски тоа го објаснува со тезата дека вонземјаните се заинтересирани за проучување на древните цивилизации и култури, а Македонија е една од најстарите цивилизации. "Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат на Земјата, главно, поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Општо познато е дека македонската земја е земја на древни цивилизации, но и луѓе со чиста душа кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов. Затоа вонземјаните сакаат да испитуваат обични, но умни луѓе. На оваа земја живееле големи умови како Александар Македонски, кој бил генијалец, потоа се докажа дека Михајло Пупин е од овие краишта и уште многумина други кои се интересни за вонземјаните", вели Симјаноски.“ [1][2]
Според Стојмир Симјаноски[3][4] постојат над 35 евидентирани случаи на посети од вонземска цивилизација на Македонија:
„Во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо.“ [1][2]
Во листата која што ќе ви ја претставиме на овој блог, бројот на евидентирани вонземски посети на Македонија е повеќе од двојно поголем од споменатиот од Симјаноски. За добивање на целосна слика, во нашата листа освен можните посети на Македонија од вонземска цивилизација се вклучени и оние лажираните, како и таквите НЛО (во буквална смисла на заборот) посети за кои е потврдено дека се од овоземско потекло.
Стојмир Симјаноски |
За тоа кои места во Македонија најчесто се посетувани од вонземјаните, Стојмир Симјаноски[3][4] вели:
„...сигурно сме имале посета од вонземјани. Тој регион над оваа планина (забелешка: Плачковица), Штип, Кочани заедно со Јама, Кичевско и Кратово се најпосетени места во Македонија.“[6]
„Според Симјановски, неидентификувани летачки објекти најчесто се појавуваат во Штип, Кичевско, Охридско и во Стење.“[5]
[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002[3] Стојмир Симјаноски е роден на 13 август 1937 година во селото Иваништа, Кичевско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на народите на Југославија. Ги објавил следните дела: Чесно дрво, (раскази, 1972), Црвени утра, (роман, 1975), Синови на горите, (роман, 1976), Ацела, (научнофантастатичен роман за деца, 1977), Белата голгота, (роман, 1981), Весниното писмо, (роман за деца, 1983), Фаќачи на вампири, (раскази, 1985), Ќерката на ѕвездите (научнофанстатичен роман, 1985), Третиот завет, (роман за деца, 1988), Двојната Ева, (роман за деца, 1991). Повеќето раскази му се преведувани на српскохрватски јазик. Пишува радиодрами, фељтони и есеи. Добитник е на наградите „11 Септември“ и на „Курурче“. Во светската „Енциклопедија на научната фантастика“ од д-р Зоран Живковиќ (издание на „Просвета“ од Белград - 1991 година во која се внесени сите творци и сите дела од сите земји и векови од овој жанр, од над тристотини писатели од Македонија со своите одредници се застапени само тројца автори: академикот и професор, д-р Владо Урошевиќ, професорот д-р Ферид Мухиќ и Стојмир Симјаноски. На страната 661 од оваа енциклопедија во одредницата за Стојмир Симјаноски пишува: „Водечки југословенски писател на македонски јазик кој на жанровската сцена на научната фантастика е присутен од 1975 година откога објавил повеќе научно фантастични дела. Симјаноски, воглавно, гради утописки, односно антиутописки визии сместени на далечните вселенски острови. Социјалните заедници кои таму настануваат само на прв поглед се совршени, додека под нивната утописка глазура се кријат и се закануваат прикриените тоталитарни опасности.“ Во обемната студија од доктор Мурис Идризовиќ: „Македонската литература за деца“ - „Наша книга“ - Скопје, 1988 година издадена во рамките на големиот проект „Литературата за деца и младина во Југославија“, одделот за Стојмир Симјаноски почнува: „Стојмир Симјаноски ја воведува научната фантастика во македонската литература кој научна фантастика како своевидна имагинативна претходница на човештвото во нашите литературни простори е се уште во повој. За пишување на дела од научна фантастика е неопходен особен вид имагинативност и добра упатеност во светот на науката“.[4] „Бојата на времето“ нов роман од Стојмир Симјаноски, МКД.мк, 15/01/2012: „Стојмир Симјаноски (1937, Кичево) е автор на повеќе од петнаесет книги, меѓу кои шест романи со теми од историјата на македонскиот народ, а од кои се издвојува трилогијата романи на ајдучка тема „Синови на горите“, „Третиот завет“ и „Вратата на сонот“. Потоа, четири романи од жанрот на научната фантастика „Ацела“, 1977, „Ќерката на ѕвездите“, 1985, „Двојната Ева“, 1990, „Лицето на самовилата“, 1991, три збирки раскази „Чесно дрво“, „Фаќачи на вампири“, „Моите три животи“, збирката радиодрами „Самовилски извори" и современите романи „Евангелието на трите самовили“ и „Камена веда“, како и научнопопуларната книга-студија за НЛО „Мит за сите времиња“. Во некои енциклопедиски изданија за научната фантастика во поранешна Југославија, Стојмир Симјаноски беше сместуван во водечките писатели на Балканот од овој жанр.“[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006[6] НЛО над Плачковица, Tirekovmirece, 16/08/2006
No comments:
Post a Comment