Во времето кога отровите и механичките направи за фаќање глувци сè уште не биле вообичаена појава во рурална Македонија, народот од наездата на глувци се спасувал со помош на ласиците (анг. Least weasel лат. Mustela nivalis), познати и како невестулки. Во штипската околина, регистрирано е дека пред повеќе од половина век, за оваа намена се користела следнава песна:
„Дојди невесто на гости -
куќа е полна (/пуна) со глувци.
Фалат ти се глувци -
ќе ти јадат уши.“[1]
Оваа песна ја пееле претежно деца и преку неа ги повикувале невестулките, да дојдат на помош кога во некоја куќа ќе забележеле дека има глувци. Иако во тоа време поголем дел од народот и немал некое формално образование од оваа област, сепак за разлика од многумина денес, знаел дека невестулките се природни непријатели на глувците и дека се хранат со нив.[2][3] Па така кажувајќи дека таму и таму има глувци кои дури и ги исмевале, на церемонијален, симболичен начин ги повикувале невестулките да им помогнат, а воедно и да се нагостат и одмаздат за глувчешкиот подбив.
Фото: Wikipedia |
И до ден денес во повеќе краеви на Македонија е задржано верувањето, останато од дамнина, дека невестулката е интелигентно, одмаздољубиво животно[4] и дека доколку дома ви влезе невестулка таа не треба да се тепа или насилно брка затоа што потоа знае да се свети. Според истово верување доколку на невестулката сепак ѝ се нанесе некое зло таа потоа се враќа за да се одмазди, преку давење на живината, нанесување на други пакости, а понекогаш и преку директно напаѓање на човекот на спиење.
Практиката ласицата да се нарекува невестулка, односно невеста е поради народното верување дека порано таа навистина била невеста која што се претворила во мало злобно животно за од љубомора да им ги уништува невестинските фустани на другите невести.[5] Ова македонско верување (присутно и во денешна Грција и Бугарија) влече корени уште од антиката и се спомнува во книгата „Македонски фолклор“ (Macedonian Folklore)[6] од 1903 година.
Интересно е и тоа дека, според истава книга на авторот Џорџ Фредерик Абот (George Frederick Abbott), во античка Македонија се верувало дека да се види ласицата е добар знак[7]. Македонките пак, кои што ќе ги заболелела главата откако ќе си ја измиеле, претпоставувале дека во водата со која што се измиле, претходната ноќ се огледала ласица, но сепак не го споменувале нејзиното име од страв дека ќе им ги уништи алиштата.[7] Дека последново е сепак повеќе од само обично суеверие, во 2006 година се уверија битолчани, кога беа сардисани од голем број на ласици, кои, според сведоштвата, им напакостиле и преку искинување на женските алишта.[4]

А.С.
[1] Според кажувањето на М.С. кој што повеќе пати ја слушал и пеел пред околу половина век.
[2] Wikipedia: „The least weasel feeds predominantly on mouse-like rodents, including mice
[3] „Битолските гулабарници сардисани од крволочни ласици и куни“, Утрински весник, 13.11.2006, 16:46: „Ласици...Само во последните месеци усмртиле повеќе стотици гулаби, кокошки и друга пердувеста живина. Се гостат и со глувци...“[4] „Битолските гулабарници сардисани од крволочни ласици и куни“, Утрински весник, 13.11.2006, 16:46: „Сите овие битолчани кои имаат лошо искуство од крволочните цицачи велат дека ласиците и куните се исклучително интелигентни, но и одмаздољубиви животни. При секој обид да ги уништат, тие трпат уште поголеми штети. „Ставивме отров во мелено месо и отрувме една ласица, нејзината друшка само за неколку часа за десерт ни ги задави сите пилиња, а се симна и во собите и ја искина облеката на домаќинката“, вели Лазар Крстевски. Дека човек тешко може да се справи со мудрите животни потврдуваат и битолските ветеринари.“
[5] Wikipedia: „...a popular superstition in southern Greece had it that the weasel had previously been a bride, who was transformed into a bitter animal which would destroy the wedding dresses of other brides out of jealousy.“
[6] Abbott, G. A. (1903), Macedonian Folklore, pp. 108-109, Cambridge University Press
[7] Wikipedia: „The Ancient Macedonians believed that to see a weasel was a good omen. In some districts of Macedon, women who suffered from headaches after having washed their heads in water drawn overnight would assume that a weasel had previously used the water as a mirror, but they would refrain from mentioning the animal's name for fear that it would destroy their clothes.“
No comments:
Post a Comment