На четврти април, најпопуларниот и најлесен за користење сајт за аналитика на посетеноста престана да работи. Според информацијата поставена на блоговите Donald Douglas at American Power and Doug Ross at Director Blue причината за тоа, колку глупаво и да звучи, е поради необновување на доменот на сајтот SiteMeter.
„Epic fail by analytics company Sitemeter: forgets to renew domain name“
Повеќе блогери (на шести април), меѓу кои и The Other Mccain веќе информираа дека проблемот со SiteMeter е надминат:
„without explanation — SiteMeter is working again, which is depressing, because my traffic sucks so far today.“
Па сепак има и такви кои што за жал сè уште (десетти април) не можат да ги користат услугите на овој сајт за аналитика на посетеноста. Меѓу нив сум и јас. Од 5 април па до денес, според SiteMeter, на овој блог имам по вкупно 0 посети на ден. Се надевам дека SiteMeter кој што за дел од блогерите и вебмастерите останува мртов, наскоро ќе биде сèопшто воскреснат.
No comments:
Post a Comment