Sunday, March 03, 2013

„Што ми е мило“ во изведба на Die Irrlichter

Die Irrlichter е германска музичка група од околината на Бон. Групата зад себе има шест албуми и поголем број на учества на фестивали. Во неа членуваат Brigitta Jaroschek, Stephanie Keup-Büser,  Jutta Simon-Old, Jutta Tiedge и Daniela Heiderich.


На 13 август 2010 година тие, во нивен специфичен стил, ја имаат отпеано македонската народна песна „Што ми е мило“[1].



Доколку сакате да им изразите поддршка и благодарност, тоа можете да го направите на нивната официјална веб страна, преку контакт формата или пак на адресата kontakt[ат]die-irrlichter.de.

[1] Die Irrlichter - Sto mi e milo (live 2010): "beim "legendären Mittelaltermarkt" im Volkspark Kaiserslautern am Freitag, den 13. August 2010"

No comments: