Saturday, February 09, 2013

Грчко-бугарска љубов

Неодамна грчки писатели објавија книга за прогонот на Евреите од бугарската војска (МКД.мк, 28 јан 2013, 12:58), историска вистина која што официјална Бугарија од петни жили се труди да ја пикне под тепих. Во книгата меѓу другото пишува:

„Ноќта на 3-ти спроти 4-ти март, 1943 година, 187 члена на еврејската заедница во Нова Орестиада, грчка територија под бугарска окупација, беа заробени додека спиеја и беа испратени во нацистичките концентрациони логори, од каде што по војната се вратија само тројца“ (МКД.мк, 28 јан 2013, 12:58)

Па сепак истото она бугарско раководство кое што остро реагираше и да можеше на Македонија душата ќе ѝ ја извадеше за уметничкото дело филмот „Трето полувреме“, за оваа грчка книга со слична тематика и понатаму продолжува да е немо.

Зошто? Затоа што во борбата против Македонија, официјална Бугарија, веројатно поради некои детски болести како и поради бојата на грчките пари, повторно изгради заеднички ставови со Грција, и ја оживеа онаа стара грчко-бугарска љубов, од карикатурава:


„Грчко-бугарско братство, во Солун бугарскиот цар го бакна кралот на Грција“

Со ова јасно се потврдува, и се става крај на секоја дилема, дека актуелната бугарска надворешна политика по ова прашање е селективна и дека не е заснована на принципи. На Грција која што е во ЕУ, официјална Софија не е и може ништо, па за оваа книга понизно молчи како како риба, а на Македонија која што не е во ЕУ, како недораснато дете неколку месеци по ред ѝ се силеше и ѝ покажуваше мускули и без да има реална причина за тоа.

Ако бугарскиот премиер се водеше од принципи, исто како што за филмот „Трето полувреме“ кукаше во Атина, ќе дојдеше во Скопје и по повод објавувањето на оваа книга ќе се пожалеше на грчкото фалсификување на историјата.

Впрочем доколку бугарската надворешна политика беше принципиелна, за „Трето полувреме“, официјалните бугарски власти јавно ќе ѝ се заканеше и на Чешката Репубика, а не само на Македонија, имајќи предвид дека филмот сепак е во македонско-чешка копродукција.

No comments: