Saturday, February 23, 2013

Внимавајте кому му давате лајк

На порталот MKD-news.com, во написот „Ќе добијат илјадници лајкови и после ја продаваат фејс страната – еве кому давате лајк“, кој што е објавен вчера (22/02/2013 13:30), се тврди дека корисниците на Фејсбук сè почесто на своите ѕидови добиваат реклами кои немаат никаква врска со оригиналната содржина на страницата, од страниците кои што ги имаат лајкувано без да бидат свесни дека се продадени (или изнајмени).

Во написот ова тврдење е илустрирано со пример од соседна Србија, FB страната на Нови Сад, која што на своите над 90 000 фанови наместо да им пушта објави за градот, ги бомбардира со реклами за туристичка агенција. Всушност ваквата појава може совршено добро да се илустрира и со бројни македонски примери.


Нешто повеќе за тоа можете да прочитате во написите  „Профитерство зад маската на патриотизмот“ и „Силиконски патриотизам 2. дел“.

Вакви понуди за купување или продажба на FB страници продолжуваат да стигнуваат во поштенското сандаче на FB страницата Македонци. Еве еден свеж пример:

No comments: