Мене особено интересна ми беше изјавата на Ahmed Babikir, муслиман кој што живее во Обединетото Кралство и е учител во Islamia school во Лондон (09:49):
"As Muslims we are living in a Christian country, ruled by Christian queen, Christian monarch, it is important for the Muslims to realize that the heritage that this country has is a very good heritage, because Christianity is at essence religion of god, and we are Muslims we must believe in Christianity."
Слободен превод:
„Како муслимани кои што живеат во христијанска земја... важно е за муслиманите да разберат дека наследството кое што оваа земја (се мисли на Обединетото Кралство) го има е многу добро наследство, затоа што суштински христијанството е религија на Бог и ние како муслимани мораме да веруваме во христијанството.“
Посакувам и муслиманските свештеници и верски учители во Македонија работите да почнат да ги сфаќаат барем приближно вака, за на тој начин во иднина да се спречат немилите настани на сквернавење на македонските христијански храмови [1] и меѓуетничките тензии.
1. „Погрдни графити на црква во струшко- жителите чуваат стража“, Press24, 30. јануари 2012: „Жителите на селото велат дека погрдните графити биле испишани во периодот меѓу 19:30 и 20 часот, по што, според нив, во селото се создала тензија.“
„Обновено: Запалена црквата Св. Никола во Лабуништа, Струшко“, Без Пардон, јануари 30, 2012.
„Смрт за каури и полов орган исцртани на црква во Сингелиќ“, Press24, 5. февруари 2012: „Графит со содржина „Смрт за каури“, полов орган и прешкртан крст утрово биле испишани на фасадата на цркавата во Сингелиќ.“
No comments:
Post a Comment