Кодификаторот на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески, рекол дека јазикот е нашата татковина. За тоа колку денес таа наша заедничка духовна татковина се почитува во Република Македонија, говорат следниве две фотографии неодамна направени во Скопје:
Фото: Е.К.
На плакатите за филмови, на „чист македонски јазик“ е испишано „u bioskopima od 15.11.2012“ и „uskoro u 3D-u“. Овие две фотографии сами по себе се доказ за непочитта кон македонскиот јазик и кон неговото кирилично писмо. Додека го браниме нашето право на идентитет, име и народ од надворешните агресори, на македонскиот јазик му се случува тивко разнебитување и тоа во самиот главен град на Република Македонија.
Во член 5 од Законот за употреба на македонскиот јазик е пропишано дека „македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт се употребува и во називите, рекламите и плакатите на правните лица.“
Во случајот се работи токму за тоа, за реклама, односно плакат на правно лице.
„Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината,“ запишал големиот син на Македонија Крсте Петков Мисирков. Потребно е одговорните институции неодложно да реагираат согласно закон, затоа што, како што запишал Мисирков „еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е!“
No comments:
Post a Comment