Thursday, January 31, 2013

Скопје, битна дестинација на светската џез мапа

Во светот на џез музиката „Скопје“ е препознатлив не само по Скопскиот џез фестивал (Skopje Jazz Festival) кој што со своето долгогодишно опстојување од нашиот главен град и држава направи битна дестинација за овој вид на музиката, туку и по тоа што неколку светски џез музичари овој поим го имаат искористено како дел од името на нивната група и за назив на некои од нивните музички дела.

Џез групата "The Skopje Connection" (Скопската врска/Скопје конекшн) е основана во 2009 година од страна на италијанскиот менаџер и продуцент, и докажан пријател и промотор на Македонија, Енрико Блумер .[1]

Во групата членуваат македонските џез музичари Џијан Емин и Георги Шарески и врвниот италијански џез трубач Лука Аквино (Luca Aquino). Нивниот прв албум е насловен „Амам“ (Amam) и е снимен во скопскиот Чифте Амам.[1]


Вториот албум на групата се вика "The Skopje Connection meets Ernst Reijseger" (Скопје конекшн го среќава Ернст Рејсегер) и на него гостува познатиот холандски челист Ернст Рејсегер.[2]

По учеството на Скопскиот џез фестивал, францускиот музичар Анри Тексие (Henri Texier) заедно со својата група, во 1988 година го издаваат абумот насловен како  „Полковник Скопје“ (Colonel Skopje).[3][4]


Втората нумера од овој албум го носи истото име, како и главниот град на нашата република, a „Скопје“ е назив и на музичка нумера на индискиот музичар Трилок Гурту (Trilok Gurtu)[5], кој што исто така има учествувано на Скопскиот џез фестивал.[6]


Aлександар Стеванов, објавено на MKD-news.com

[1] „The Skopje Connection“, I, Macedonian, 16 декември 2010
[2] Љупчо Јолевски „Нов албум на Скопје конекшн“, Радио Слободна Европа
[3] "Hеnri Tеxier – Colonel Skоpje 1989" MP3 музика: That album was made after Henry’s visit in Skopje. He played on Skopje Jazz Festival in late ’80’s. So, he was inspired by something and he recorded that album, which is a real masterpiece
[4] "Colonel Skopje", I, Macedonian
[5] "Французинот кој го сака Скопје: Henry Texier Trio – The Scene Is Clean 2009" MP3 музика: The legendary Trilok Gurtu,who was on concert in Skopje in 1998 with his own group (plus with McLaughlin in 1991), was also inspired by Skopje. So, he composed a peace of music, called simply “Skopje”
[6] „Скопскиот џез саем“, giveko.mk: „Низ фестивалот, за овие три децении, продефилираа окулу 300 бендови и окулу 2000 музичари, буквално од сите континенти, што е импозантна бројка со која ретко кој актуелен фестивал,барем околу нашево опкружување, може да се пофали.Тоа е околу квантитетот, а ова е квалитетот: Chick Corea, Stanley Clarke, Lenny White, John Mc Laughlin, Trilok Gurtu...“

No comments: