Thursday, January 17, 2013

Анкети - проект Скопје 2014

Хронолошки приказ, преку 4 анкети од март 2010 до ноември 2012 година, на расположението на граѓаните на Република Македонија за проектот Скопје 2014.

Телефонска анкета спроведена од 12 до 15 март 2010 година, од агенцијата „Рејтинг“ за потребите на „Дневник“,  на примерок од 1.080 испитаници, Утрински весник (март 2010), „Проект Скопје 2014?“

Главно или целосно позитивно - 39%
Главно или воопшто не го поддржуваат - 58%

Анкетата спроведена од 4 до 6 ноември 2011 година, од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) врз 1.110 испитаници, Таратур (ноември 2011), „Проект Скопје 2014?“

Го подржуваат - 51,1%
Не го подржуваат - 46,3%
Не знам - 2.6%

Анкетата спроведена од TNS Brima Gallup Intl на репрезентативен примерок од 1165 испитаници (со статистичка грешка од +/- 2.87%), А1ON (септември 2012), „Кое е вашето чувство кога ќе слушнете за реализација на проектот Скопје 2014?“

Кумулативно позитивно мислење - 26.4%
Кумулативно негативно мислење - 57.8%
Ниту позитивно/ниту негативно - 15.8%

Телефинска анкета спроведена од 29 октомври до 1 ноември 2012 година, од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), Kapital (ноември 2012), „Како ги оценувате следните политики на Владата: проект Скопје 2014?“

Позитивна оценка - 40,3%
Негативна оценка - 45,1%

Графички приказ на четирите анкети:


Црвено: негативна оценка за Скопје 2014
Зелено: позитивна оценка за Скопје 2014
Жолто: неутрално/немаат став 

---------------------дополнително: интернет анкети---------------------

Интернет анкета на Апостолка од 22.10.2012 во 12 часот па се до 28.10.2012 до 12 часот, со прашање „Дали проектот „Скопје 2014“ требаше да биде приоритетен инвестициски проект во изминативе години?“

Да - 13 гласа [32%]
Не - 27 гласа [68%]

Интернет анкета на форумот Build.mk - (резулати од јануари 2013), „Мислење за Скопје 2014“

Поддржувам - 78 гласа [53.42%]
Против - 65 гласа [44.52%]
Немам став (не ме интересира) - 3 гласа [2.05%]

Интернет анкета на форумот Kajgana (резултати од јануари 2013), „Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?“

Да - 303 гласа [48,7%]
Не - 319 гласа [51,3%]

Интернет анкета на форумот vmacedonia, (резулати од јануари 2013), „Скопје 2014“

Одлично - 15 гласа [53,57%]
Катастрофа - 9 гласа [32,14%]
Јас сум од провинција и не ми е гајле за Скопје - 4 гласа [14,29%]

1 comment:

Anonymous said...

Интернет анкетите каде што можат да гласаат профили, а не реални личности, и не се многу меродавни.

Сепак, добра ретроспектива.