Saturday, December 15, 2012

Зошто македонско-бугарската декларација не смее да стане договор

Официјална Бугарија, во последниов период, повеќе пати го постави како услов, и бараше македонско-бугарската декларација од 22 февруари 1999 година, потпишана од двете земји да прерасне во меѓудржавен договор.

(види: „Бугарскиот премиер бара Декларацијата од 1999 да стане договор“, ПлусИнфо, 26.11.2012)

Иако декларацијата во најголем дел не е негативна и од неа произлегуваат подеднакво и обврски, но и права, дел од еден нејзин член е толку штетен и неправичен што истата таа декларација ја става нашата земја во подредена, сервилна положба и ја прави генерално на штета на македонските национални интереси.

Се работи за дел од член 11, во кој што стои

„Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на Република Македониjа.“

Според ова, Македонија презема низа обврски, беа истите тие обврски подеднакво да се преземат и од другата страна, односно од официјална Бугарија. Ова декларацијата ја прави несиметрична и на штета на Македонија.  Според делот од член 11 од декларацијата, Бугарија си го задржува, односно не се лишува од правото за заштита на статусот и правата на лицата кои што живеат во Македонија и покрај тоа што не се државјани на Бугарија, а Македонија свесно се лишува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци кои што живеат на бугарска територија.

Со декларацијата од 1999 година, која што од македонска страна ја потпиша Љубчо Георгиевски, Македонија се откажа од заштитата на Македонците кои што живеат во Пиринска Македонија (и останатите денови на Бугарија). Ова е доволна, но не и единствена причина зошто декларацијата од 1999 година не смее да прерасне во меѓудржавен договор. Секој што се залага за нејзино унапредување во меѓудржавен договор, работи на штета на националните интереси на Македонија.

No comments: