Thursday, December 27, 2012

Писмо во шише (до политичарите)

Поради немилите случувања во изминатите неколку дена, упатувам апел до политичарите, несогласувањата со своите политички неистомисленици и партиски ривали да ги решаваат во институциите на системот, со дијалог, а не со тупаници, манипулации, лаги и ширење омраза. Пратениците во собранието на Македонија се изгласани од граѓаните за да ги претставуваат достоинствено најдобро што може, а не за да ги срамат и нив и цела Македонија. Наместо, заеднички од сите партиски чинители, да се решаваат проблемите со кои Македонија се соочува, со последните случувања во собранието, на секој еден граѓанин на Македонија му се создаваат непотребни главоболки.

Упатувам апел до партиските центри на моќ да покажат демократска зрелост и одговорност пред македонските граѓани. Под итно да се стави крај на узурпирањето на медиумскиот простор и полнењето на главите на граѓаните на оваа земја со омраза кон членовите на „другата партија“, несигурност за иднината на Македонија и на своите најблиски и дилеми за тоа што е вистина, а што е лага. Дали вреди да се лаже и манипулира сопствениот народ само за да се освојат неколку гласови повеќе? Поларизацијата на Македонија можеби некому краткорочно ќе му користи, во недостаток на идеи, за подигање на својот партиски рејтинг, но е нешто што ќе остави трајна дамка на времето во кое што живееме и последиците од тоа, ние граѓаните, ќе ги чувствуваме со години.

No comments: