Wednesday, December 26, 2012

Македонски кириличен домен

На веб сајтот MARnet, во тек е гласање за официјален кириличен домен за Република Македонија. Од вкупно шесте предлози, моментално (18:40) во убедливо водство е предлогот .мкд со 72% од вкупно 1053 гласови.

    .мкд (72%, 761 гласа)
    .мак (14%, 144 гласа)
    .рм (7%, 76 гласа)
    .македонија (6%, 62 гласа)
    .рмак (1%, 6 гласа)
    .рмкд (0%, 4 гласа)

По завршување на гласањето, кое што ќе продолжи 1 месец, доменот со најголем број на гласови, ќе биде поднесен до ICANN како македонски национален кириличен Интернет домен.

Гласајте.

No comments: