Monday, December 24, 2012

Проширување на јазот меѓу Македонија и Бугарија

Мило ми е што мојата анализа од 12 декември 2012, дека бугарската блокада за започнување на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ е недобрососедски чин кој е на штета не само на Македонија туку и на Бугарија, ја споделуваат поголем број на аналитичари, меѓу кои и Бугари:

„Уцените и заканите со кои што официјална Бугарија настапува не се знак на добрососедство, а напротив. Оттука, наместо за подобрување на односите меѓу двете земји и народи, одредени бугарски функционери всушност допринесуваат за нивното уназадување. Со тоа освен што работат на штета на граѓаните на Македонија, директно нанесуваат штета и на бугарските граѓани кои што ним им го довериле мандатот.
Декларативните заложби за подобрување и интензивирање на односите меѓу двете држави и народи ќе останат само декларативни доколку официјална Бугарија продолжи да најавува поставување на препреки на патот на Македонија кон ЕУ. Бугарскиот политички врв треба да биде свесен дека нејзините последни постапки во врска со започнувањето на преговите за членство на Македонија во ЕУ не се во функција на подобрување на взаемните односи.“

Људмил Илиев (Людмил Илиев), viewpoint.actualno.com, 19 декември 2012:

„Управляващите в София удариха Скопие на най-високия форум на съюза - Европейския съвет, без да се интересуват, че с това решение разширяват още повече и без това дълбоката пропаст между България и Македония.“

Превод:

„Раководителите во Софија, ударија по Скопје на највисокиот форум на сојузот - Европскиот совет, без да се интересираат дека со тоа свое решение ја рашируваат и без тоа веќе широката пропаст, меѓу Бугарија и Македонија.“

Јануш Бугајски, Канал 5, 17 декември 2012:

„Одлуката на Бугарија да стави вето за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ е контрапродуктивно не само за Македонија, туку и за целиот регион“

Дури и Миглена Кунева, која што во 2007 година кажа дека „на Западниот Балкан не треба да му се дава датуми за членство“ (Вечер, 21 март 2007), сега изјави дека Бугарија не требала да стави блокада за одредвање на датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Канал 5, 13 декември 2012:

„Поранешниот преговарач на Бугарија при влезот во ЕУ е загрижена што политиката на премиерот Борисов кон Македонија може да донесе криза меѓу двете земји.

No comments: