Saturday, December 22, 2012

Бесплатна Интернет промоција на туристичка Македонија

И додека по странски телевизии се трошат милионски суми на денари за привлекување на туристи во Македонија, Интернет страните кои што нудат бесплатна промоција, речиси и да не се искористени.

Ваквата ситуација и не е по вина на  Владата. Не може Владата да ја замени граѓанската иницијатива и да го реши секој проблем во општеството. Ако ѝ сакаме добро на Македонија треба ние самите да ја помагаме и промовираме во секоја област. Не е патриотизам по шест часа на ден, бесцелно да се расправаме со „клетите Грци“, туку на едно повисоко интелектурално ниво да ја прикажеме македонската вистина и по убаво да ја претставиме Македонија пред очите на светот.

Една од страните кои што овозможуваат бесплатна промоција на интересни локации од било која земја е 360 cities.

Фотографиите кои што се поставуваат на оваа страна не се обични туку од 360 степени, било тоа да се сферични или цилиндрични. Па така секој оној кој што сака да види некоја локација од светот тоа може да го направи виртуелно како да е таму.

На мапата може да се види дека на овој сајт има поставено (околу) 59 фотографии направени на места во Македонија. Колку за споредба на сајтот се поставени дури над 1500 фотографии направени само во градот Истамбул со неговата непосредна околина.

Доколку сакаме подобар туризам во Македонија, наместо да се надеваме дека скапо платените реклами сами по себе ќе си ја завршат работата, треба самите да започнеме на големо да ги користиме и ваквите можности за бесплатна промоција која и те како може да се покаже како делотворна. Ова пред сè важи за туристичките работиници кои директно би профитирале од промовирањето на Македонија како интересно место за посета.

No comments: