Wednesday, December 12, 2012

Лицемерието на бугарскиот политички врв

Официјална Бугарија неколку месеци по ред, без никакви аргументи, безброј пати обвинуваше дека Македонија не градела добрососедски односи (види: Македонија да градела политика на добрососедство ???, 5 октомври 2012), а вчера самата таа го направи најнедобрососедскиот чин кој што во едни такви услови воопшто можеше да го направи. Вчера официјална Бугарија, заедно со нашиот јужен сосед, како пречка застана на патот на добивањето на датум за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија.

На сајтот на бугарскиот претседател јасно стои која е неговата позиција и позицијата на бугарскиот премиер по ова прашање:

България ще бъде сред държавите, които няма да посочат дата за започване на преговори с югозападната ни съседка.

Превод:

„Бугарија ќе биде меѓу државите, кои што нема да посочат датум за започнување на преговори со нашиот југозападен сосед.“

Со оваа постапка се виде вистинското лице, односно лицемерие, на бугарскиот политички врв кој што и покрај декларативните заложби, покажа дека воопшто нема намера да гради добрососедски односи со Македонија, туку од позиција на моќ да наметнува свои политики и изнудува „решенија“.

Се надевам дека ваквата недобрососедска одлука на бугарскиот премиер и претседател не ја споделуваат мнозинството од Бугарите.

Знам дека повремено блогов го читаат и бугарски граѓани, па ним би сакал да им порачам дека потезите кои што избраните од нив функционери ги влечат, се на штета на Македонија, но и на штета на Бугарија. Од влошените односи меѓу две соседни земји како што се Македонија и Бугарија, штетата ќе биде обострана, а ќарот може да го има само некој трет.

No comments: