Tuesday, November 20, 2012

Трето полувреме на IMDB

Mакедонски кандидат за оскар „Трето полувреме“ на веб страната IMDB пред околу еден месец беше оценет од корисниците со високата оценка 9.6 од 10, пред неполна недела неговата оценка беше спуштена на 9.2, за денес таа дополнително да биде намалена на 8.7.

Во ова континуирано рушење на првично високата оценка сигурно голем удел имаат и сите оние кои го критикуваа филмот на Дарко Митревски поради наводно ширење омраза против една соседна земја. Ние во тоа не можеме да влијаеме, но и те како можеме да помогнеме оценката на овој македонски филм на IMDB да се повиши.

IMDB е најпозната веб страна за филмови. На неа секој може да се регистрира и да гласа со оценка од 1 до 10 за било кој филм.

Иако двете работи не се директно поврзани, сепак оценката која „Трето полувреме“ ја има на IMDB може индиректно да допринесе за што подобар пласман во трката за оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Затоа сите оние кои што сакаат да помогнат македонскиот филм „Трето полувреме“ што подобро да биде рангиран на IMDB, нека си направат свој профил или доколку имаат таков нека се логираат и нека го оценат филмот на Дарко Митревски со што е можно повисока оценка.

No comments: