Во пресрет на стогодишнината од независноста на Република Албанија, на македонска територијата, на повеќе места, преку ноќ никнаа голем број на албански знамиња. За законитоста на поставувањето на албанските знамиња меѓу првите кои што се огласија беа од Светскиот македонски конгрес:
„СМК смета дека промоцијата на албанското знаме во Кичево е во спротивност на Законот за знамињата на заедниците во Република Македонија кои секогаш мора да се употребуваат со државното знаме на Република Македонија и во димензии помали за една третина.СМК од власта бара отстранување на дивоградбата поставена од неовластени лица и поведување постапка за кривична и прекршочна одговорност против сторителите.“ - порачаа од Светскиот македонски конгрес.
Имено според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, знамето на Република Македонија мора да биде истакнато заедно со она на заедницата и од него да биде поголемо за една третина. Во член 8 од овој закон јасно е наведено:
„Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.“
Според истиов закон, за прекршителите се предвидени казни во износ од 200 до 2000 евра во денарска противвредност. Сепак, и покрај тоа што сторителите се познати, пријава засега нема заработено никој.
Дека голем дел од новопоставените албанските знамиња се поставени спротивно на закон, согласен е и дипломираниот правник Александар Крстевски.
„Во Република Македонија Собранието има донесено закон за употреба на знамињата, државното знаме и знамињата на заедниците. Во него е определено дека на целата територија на Република Македонија во официјална употреба е државното знаме, а покрај државното во единиците на локалната самоуправа каде што покрај Македонците живее и друга заедница која е признаена со Уставот, а претставува најмалку 50% од населението се употребува и знамето на заедницата.Законски е утврдено дека знамето на заедницата треба да биде за една третина помало од државното. Конкретно за поставеното знаме на општина Чаир, гледано од правен аспект, има кршење на законот за употреба на националните симболи.“ - вели Крстевски.
Сепак и покрај тоа што законот е дециден и експертите се согласни дека постојат законски прекршувања, мвр се прогласи за ненадлежно. Се поставува прашањето кој е надлежен?
Во едни такви услови се случија неколку инциденти, се палеа македонски и албански знамиња. Некои поставени албански знамиња беа насилно отстранети за што одговорноста преку проглас, ја презеде т.н. Македонска Национална Гарда.
Во едни такви услови се случија неколку инциденти, се палеа македонски и албански знамиња. Некои поставени албански знамиња беа насилно отстранети за што одговорноста преку проглас, ја презеде т.н. Македонска Национална Гарда.
„Припадниците на Македонска национална гарда ги симнуваат окупаторските знамиња и ние во целост ја преземаме одговорноста за симнувањето на орлите од сите места каде тие се поставени.“ - порачуваат од т.н. Македонска национална гарда.
Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија беше изменет и дополнет минатата година, меѓу другото, и со намера да се стави крај на веењето само на албанското знаме, а не и на она на Република Македонија, во средините во кои живеат претежно етнички Албанци. Сепак според последниве настани се покажувува дека во пракса тоа е тешко спроведливо.
Александар Стеванов, објавено и на MKD-news.com
No comments:
Post a Comment