Интервју со Давор Хорватовиќ, прв и актуелен претседател на „Здружението на Хрватите Славонија“ („Udruga Hrvata Slavonija“) од Скопје, за македонско-хрватските односи и за пријателските врски помеѓу двата народа.
1. Кога е формирано „Здружението на Хрватите Славонија“ - Скопје, и колку членови тоа брои?
Здружението е формирано во летото 2010 година од иницијативниот одбор и брои нешто над 320 членови. Според Статутот во ова здружение може да членува секој државјанин на Р. Македонија, без оглед на националноста, бојата на кожата, верска припадност и др.
Воглавно членовите се Хрвати, нo има и голем број на членови кои се Македонци, а има и Турци, Албанци, Срби, Власи и др.
2. Која Ви беше идејата за формирање на едно вакви здружение?
Идејата за формирање на ова здружение дојде како незадоволството на веќе постоечкото Хрватско здружение (ZHRM), Kое со години наназад и покрај прекрасните услови за работа нe ги оствари целите поради кои беше формирано. И јас сум инаку еден од 19–те членови на претседателството и еден 19 еднакви, рамноправни членови во претседателството во истата таа организација koja брои околу 1300 членови и со моите Славонци (нашто здружение) партиципираме во работата на oбединувaчкaта организација ЗХРМ (ZHRM).
„Здружението на Хрватите Славонија“ (З.Х.С) или „Udruga Hrvata Slavonija“ (U.H.S) e основано пред две години со цел да ги развива и унапредува меѓуетничките односи помеѓу двата народа, но и меѓу сите останати. Да биде канал за размена на културните вредности меѓу двата етникума и пошироко. Да ги поврзува традиционалните вредности помеѓу Хрвати – Славонци и останатите koи што живеат тука, со постоечките вредности нa Мaкедонскиот народ, а и со останатите.
3. Кои се Вашите главни цели и кои се активностите кои што досега ги има преземено Здружението на граѓани Хрвати „Славонија“ Скопје?
Основни цели и задачи на здружението се:
- Да ги развива и унапредува меѓуетничките односи во регионот на Македонија,
- Да укажува и превентивно да делува против нарушување на меѓуетничките односи,
- Да ја информира и анимира јавноста за постоење и за потребите од решавање на одредени проблеми во заедницата,
- Да го зајакне и развива граѓанското општество во Република Македонија,
- Да бара и прибира информации кои се од значење за граѓаните,
- Да организира трибини, работилници, тркалезни маси, средби, семинари, дебати, конференции, кампањи со цел јакнење на граѓанската свест и изградба на граѓанско опшество,
- Да гради мрежи и коалиции со граѓанските и други организации за остварување на заедничките цели,
- Да презема активности во сите степени на процесот на јавната политика,
- Да покренува научно-истражувачки активности од областа на развојот на граѓанското опшество и други свои програмски активности,
-Да организира културни и спортски манифестации и средби со здруженија во земјата и надвор од неа.
Настојуваме да ги унапредуваме меѓуетничките односи во Р. Македонија, да ствараме нови вредности, да се дружиме меѓу себе, заедно со останатите граѓани на Р. Македонија, да си помагаме и др.
Главна и основна цел е дружењето, запознавањето и меѓусебното помагање. Но во исто време организираме приредби, излети за запознавањето на македонските убавини, зачувувања на традицијата, јазикот, културните наследства и обичаи, превиме проекти, учествуваме и организираме трибини, спортски настани, медијација меѓу младите и др.
4. Како „Здружението на Хрватите Славонија“ - Скопје е организирано?
Првите 14 месеци нашето здружение ги користеше просториите на веќе одамна постоечкото здружение на Хрвати и сите наши активности ги насочувавме преку тоа здружение бидејки, како ново здружение, не смеевме да учествуваме во подавање на проекти во институциите на системот, а и немавме свои простории.
Сега преку еден наш член, дојдовме до простории кои што еднаш неделно ги користиме за собирање, дружење и работење. Летово, секој петок, се собиравме на базенот „БИСЕР” во Аеродром каде што ни беше одобрено со нашите членски книшки да можеме да влегуваме безплатно. Таму се собиравме до неговото затворање.
Во Македонија постои едно големо старо здружение кое функционира одамна, но како „Кровна удруга“ малку ги исполнува потребните услови за да биде сервис на сите Здруженија и на сопствените ограноци на Хрватите во Македонија, а особено во сферата на добивањето на советодавна и логистичка помош на здруженијата, ограноците и граѓаните Хрвати.
5. Последниот попис во Р. Македонија не беше успешен, а резултатите од оној од 2001 година беа негирани од неколку етнички заедници. Каков е случајот со Хрватите? Според Ваши информации колкав е нивниот број во Р. Македонија?
Ние се надевавме дека со најновиот попис во Македонија ќе го откриеме точниот број на Хрватите во Македонија, бидејќи се изборивме и Хрватите во Македонија да пишуваат на хрватски јазик и слободно да се изјаснуваат како Хрвати. До сега многумина се попишани како Македонци. Дури се изборивме да има и Хрвати попишувачи. Но за жал пописот се прекина и не успеа. Ние сметаме дека во Македонија има околу 5000 Хрвати. Нашиот интерен попис поради недостаток на средства не успеавме да го доведеме сосема до крај.
Но Хрватите се многу лојални граѓани на Македонија, па и од почит се изјаснуваат како Македонци бидејќи тука живеат. Многумина тука се родени, а има и такви кои се трета, па можеби и четврта генерација.
6. На овогодинешниот пивофест во Прилеп, хрватскиот пејач Петар Грашо изјави дека е презадоволен од приемот од македонската публика. Генерално како Хрватите се прифатени во македонското општество?
Ова е eдно од вистинските и убави прашања. Имено, улогата нa хрватските граѓани вo создавањето нa модерна Maкeдонија e исклучително голема и присутна. Mожеби e добро ова прашање да се разгледа преку неколку нивоа на присутност на овој феномен.
Голем број нa Хрвати преку бившата заедничка федерална Југославија преку разни службени должности сe преселиле и останале дa живеаат тука. Тиe останале да делуваат вo рамките нa своите професионални определувања. Завземале високи општествени позиции и со својот голем допринос учествувале вo создавањето нa модерна Македонија. Тиe личности се присутни во сите сфери на нашиот општествен, културен и стопански живот.
Jaс денес нема дa издвојувам имиња поради евентуалнo неспомнување нa некои од нив, нo вo некоја друга прилика, сигурно можe дa ja отвориме овaa тема. Пред сè, затоа што има многу такви кои треба да се набројат и споменат, а и многу тоа што да се каже за нив. Нема ни место за толку пишување, би било преопширно.
Друго ниво е нивото на создавање на меѓуетнички мешовити бракови, кoи низ времето станале одличен фактор нa меѓуетничко спојување. Трето ниво е нивото нa историските врски, создадени низ времето на политички план. Оттука денешка Македонија и Хрватска имаат добра билетерална соработка.
Исто така и присуството на Хрватите вo македонскиот општествен живот. Tие релации и врски отсекогаш и овие две култури секогаш изнаоѓаат начин да имаат секаква меѓусебна размена.
Па и хрватските пејачи се секогаш добродојдени и нивните концерти се секогаш добро посетени. Драго ми е што е така и што нашата македонска публика ги обожава пејачите Петар Грашо и Оливер Драгојевиќ кои што и јас лично многу ги обожавам, како и Славонецот Крунослав Кичо Слабинац со неговите тамбураши и многу други.
7. За разлика од некои други директни соседи на Р. Македонија кои што го негираат јазикот, народот или пак името, со Р. Хрватска немаме никаков спор. Велат дека најдобри соседи се оние кои што не граничат, па нема за што многу да спорат. Дали, според Вас, пријателството меѓу Р. Хрватска и Р. Македонија се должи само на тоа или пак има нешто поисконско што ги спојува нашите земји и народи?
Не, не, сигурно не е само тоа. Хрватска е во многу слична состојба со Македонците. Тоа доста нè зближува ... и на Македонија дел од териториите и се надвор од државата , како и на Хрватска. И двете држави се доста оштетени, нецелосни. И двете држави со години не смееја да помислат за осамостојување, да кажат збор...
А и за тоа, се идеше на голи оток. Мислам дека тоа е најосновното а има и многу постари далечни Историски врски ... Хрватска , многу и има помогнато во минатото на Македонија ...
8. Соработувате ли можеби со здруженијата на Македонците во Р. Хрватска?
Имаме постојани контакти со Македонците од Хрватска и тоа со повеке македонски здружениа. Имаме направено неколку заеднички проекти....
Еден последен проект, кој е многу убав, но релативно скап, за жалост не успеа да помине. Но има доста соработка, контакти и заеднички проекти кои се веќе реализирани.
9. Неодамна имав можност да разговарам со потпретседателот на Заедницата на Македонците во Р. Хрватска* кој искажа најпофални зборови за моделот со кој што Република Хрватска ги има решено малцинските прашања, а со тоа и прашањето на тамошните Македонци. Задоволни ли се Хрватите во Република Македонија од нивните права кои што ги имаат овде?
Македонците во Хрватска се влезени во уставот на Хрватска за разлика од нас, Хрватите во Р. Македонија, кои иако сме процентуално и повеќе одошто Македонците во Хрватска. Ние Хрватите овдека, во Македонија, сè уште се водиме под „останати“. Република Хрватска на македонските здруженија издвојува од буџетот околу 130 илјади евра. Тоа требаше да го направи и Македонија.
Иако и Р. Македонија требаше одамна, и покрај тоа што македонските власти ветија дека така ќе постапат и дека ќе се издвојува и доделуваат средства за Хрватите во Македонија, до сега Хрватите немаат добиено ни еден денар.
Македонците имаат свој претставник во хрватскиот парламент, иако процентуално се помалку од Хрватите во Македонија, кои пак нажалост немаат свој претставник во македонскиот парламент.
10. Забележав дека активно се залагате против промена на уставното и историското име на Р. Македонија. Сметате ли дека заштитета на Р. Македонија и на македонските интереси е должност на сите граѓани на Р. Македонија без оглед на нивната национална припадност?

Знамето, јазикот, писмото, националноста, законите и името на државата e нешто што не сe менува и затоа ние, Хрватите, нe би сакале да не дојде до никаква промена, и би сакале просперитет и напредок на оваа наша втора домовина. Исто така сметам дека заштитата на Р. Македонија и на македонските интереси е должност на сите граѓани на Р. Македонија без оглед на националната припадност.
Лојалноста треба да е основен принцип и обврска на секој еден нејзин граѓанин!
А.С. објавено во Македонска Ризница, бр. 2
No comments:
Post a Comment