C. Бенџамин Трејси од САД е учителка по латински јазик и вљубеник во античката историја на Медитеранот. Таа е автор на најновиот роман за македонскиот крал и војсководец Александар III Македонски. Нешто повеќе за поривот на оваа Македонка по дух да го напише „Во театарот на светот“ прочитајте во интервјуто кое што го направивме со неа:
1. Како се заинтересирaвте за животот на Александар III Македонски и за античка Македонија?
Се заинтересирав за животот на Александар III Македонски и за античка Македонија, по читањето на една книга за него. Кога имав околу 16 години, мојата училишна задача по европска историја беше да истражам и напишам за историска фигура, да изберам една од исцрпната листа. Татко ми ја прегледа листата, го виде името на Александар, и ми предложи да го истражувам него, чувствувајќи порив да ми го препорача младиот воин-крал. Јас се согласив, бидејќи отсекогаш античкиот Медитеран ми беше привлечен, и мислев дека ќе биде забавно. Откако ги прочитав првите неколку страници на книгата, јас одеднаш се почувствував воодушевена. Тоа беше инстантно, вонредно поврзување. Оттогаш го истражувам и сакам Александар и неговата татковина.
Слика: Nimloth87
2. Од каде насловот „Во Театарот на Cветот“?
Насловот е инспириран од еден цитат од Александар: „Јас нема да ја изневерам својата должност и со кого и да се борам јас ќе верувам дека играм на театарот на светот“. Како што го организирав ракописот размислував на таа тема некое време и верувам дека Александар ги гледал неговите амбиции и искуства низ објективот на еден актер, живеејќи го својот живот на сцена.
3. За Александар е пишувано многу, што е тоа што вашата книга ја прави поразлична од сите претходно напишани книги за овој славен македонски војсководач?
Стилот на пишување е лирски, театрален и книгата е напишана како да ја раскажува самиот Александар. Тој отворено зборува со читателот, ги прераскажува своите тинејџерски години. Јас се почувствував присилена да му дадем глас на Александар, за со читателот да може да сподели сè за себе, што е тоа што го направило да биде господар на светот, за неговите искуства со своето семејство, пријателите, своето образование, првите битки... Тоа е потопување во адолесцентноста на Александар.
4. Зошто се одлучивте да пишувате за животот на Александар, на возраст од 13 до 20 години?
Тој период го илустрира и го објаснува почетокот на еволуцијата на историскиот Александар Велики. Каков бил тој пред да стане крал на Македонија и каков бил пред да ја прошири македонската империја на исток. Мојата замисла беше со денешните млади и возрасни читатели да се сподели историска индивидуа, чиј космополитски ум го трансцендира неговото време, млад човек кој што се стреми и среде тешкотиите ги остварува своите цели покажувајќи упорност која може само да ги инспирира денешните млади и возрасни луѓе. Тој воопшто не се разликува од една личност од 21-от век.
5. Колку карактерот на Александар како крал на Македонија и војсководач е изграден токму во тие адолесцентни денови.?
Да, неговиот карактер како крал и воен командант се развива во текот на детството и адолесцентноста. Верувам, исто така, дека неговата огнена духовност и силно чувство не само што го штитат туку и го збогатуваат. Романот целосно ја изразува неговата духовност и доверба.
6. Во колкава мера вашата книга е базирана на историски факти и колав дел е фикција?
Опширните културни факти се испреплетуваат и со историски и со измислени сцени. Постои мал број на историска литература за адолесцентноста на Александар, затоа, некои сцени се измислени, други епизоди пак се историски потврдени со извесна доработка.
7. Од каде црпевте инспирација за книгата?
Комбинацијата фасцинираност, ентузијазам и страст за Александар Велики и неговата татковина Македонија, водени од потребата да му дадам глас помеѓу другите дела поврзани со него, е инспирација за романот.
8. Колку Американците се запознаени со Александар и со историјата на античка Македонија?
Американците се запознаени со Александар и античка Македонија преку оскудните информации кои ги читаат во учебниците за средно образование. Само оние кои се љубопитни на темата за Александар, по завршувањето на средното образование бараат повеќе материјал за учење. Интересно, за мене, е дека не она што го научив за него во училиште, туку читањето на книги и статии, и гледањето на „Во потрага по Александар“ ме насочи кон целоживотно истражување.
9. Каков е вашиот одговор на обвинувањата дека Александар бил крвник и масовен убиец, а не историска фигура која заслужува да биде славена?
Со сите мои години на истражување и почитување на древните традиции и цивилизации, Александар не може да се класифицира како масовен убиец. Според мое мислење дефиницијата за „масовен убиец“ е различно од природата и активностите на Александар Велики. Тој не се разликува од другите воини, кралеви и освојувачи, и тој има и темна и светла страна, како што впрочем имаат сите луѓе. Тој беше градител и уништувач. Не се разликува од која било друга историска фигура во светската историја. Александар секогаш ќе има свои клеветници и свои поддржувачи. Познавам и противници и поддржувачи, и двете страни ги поткрепуваат своите тврдења во зависност од изворите. Повторно, изворите влијаат на пресудата на читателот.
10. Исто како вие, Македонците денес чувствуваат голема почит и имаат огромен интерес за личноста и животот на Александар. Гледајќи ги денешните Македонци, нивната култура и традиција дали препознавате во нив некои фрагменти од античка Македонија кои преживеале од античките времиња па до денес?
Гледајќи и спријателувајќи се со Македонци од дијаспората, јас целосно во нив ја препознавам античка Македонија која преживеала во изминативе седум милениуми.
11. Веројатно вашата книга ќе биде објавена и на македонски јазик?
Во моментов книгата на македонски јазик ја преведува Дарко Миовски. Јас пак ги чекам одговорите на моите писма упатени до три издавачки куќи од Македонија.
12. Соработувате и со Обединета Македонска Дијаспора, што уште ве поврзува со Македонија и со Македонците?
Јас сум месечeн соработник на „Habitat for Humanity - Macedonia“. Исто така сум спонзор на „5k Ajvar“ во Вирџинија, спонзорирана од страна на ОМД. Финансиски ја имам потпомогнато изградбата на Свети Архангел Михаил, македонската православна црква во Аризона. Се имам спријателено со многу, многу Македонци. Би сакала да ја изразам мојата благодарност до Александар Донски, Лилјана Ристова, Мето Колоски, Дарко Миовски и многу други за нивната огромна поддршка и пријателство.
13. Се плашите ли од евентуална реакција од грчка страна во врска со вашата книга?
Јас не се плашам. Јас сум подготвена. Не предвидувам репресалии од никого. Напишав роман врз база на 30 годишно истражување на текстови и од древните и од современите автори. Во ретроспектива, јас секогаш во Александар гледав и верував дека се работи за еден глобален ум, планинец по раѓање и наследство, коњаник, воин, човечко суштество, одгледуван и хранет од мистичните планини и полните со живот води на Македонија. Било каква форма на одмазда кон моето дело ќе биде негирање на она што вистински бил Александар: духовен, жесток, космополитски. Како што Александар рекол „Јас не правам разлика меѓу луѓето како што ограничените прават. Тоа е доблест која го класифицира човекa.“
А.С. објавено и во Македонска Нација

No comments:
Post a Comment