Wednesday, September 26, 2012

Неоправданото воведување на нови гардиски униформи

Пред речиси две години одлуката, покрај, „старите“ униформи на гардистите, да се воведат и неколку типови нови свечени униформи, ја оценив како излишна и тоа поради низа причини:

1. Тогаш единствените гардиски униформи (во понатамошниот текст ословувани како „стари“) кои ги имаше македонската армија естетски изгледаа сосема солидно.

Во својата колумна „Од трите подолгото“ (Кирилица, четврток 09 декември 2010), авторот потпишан како Коњот на Гоце вели:

„Едноставно кажано, од сегашните гардисти кои личат на комити, ќе направиме нови кои ќе личат на геј овчари/келнери, или штрумфови играорци. Срамота е!

...Погледнете и одлучете сами. Дали е подобро за еден гардист, кој е гордоста на армијата и државата, да изгледа како комита, или како играорец?

Нема ништо лошо во нашите народни носии. Нема ништо лошо да е некој овчар. Нема ништо лошо во античките шлемови. Нема ништо лошо во претставување на нашето културно и историско наследство, ама има многу лошо во тоа да се натрупа сето тоа на едно место. Изгледа лошо, изгледа простачки! Срамота е и шлаканица врз лицето на војниците кои ќе треба да ги носат.

Дали сте вие нормални, направете прототип на тенк, на хеликоптер, на беспилотно летало, на панцир, на егзоскелет, а не вие пак ко волот у купусот, право во кич и во уништување на нешто на кое не му требаше никакава поправка – кое беше и е совршено.“

За разлика од новите униформи кои добија купишта критики, не сум сретнал некој да се пожалил на изгледот на старите униформи. Напротив, забележан е случај кога на емирот од Катар толку многу му се допаднале па побарал една за спомен (Утрински Весник).

2. Изгледот на старите униформи е уникатен и во регионот, а и пошироко, а токму тоа ги прави лесно препознатливи и карактеристични за Македонија.

Новите униформи се поопшти (со увезени елементи) и помалку карактеристични за Македонија. Ова го констатира костимографката Лира Грабул (Утрински Весник):

„Во старите гардиски униформи, т.н. комитски, како идеја е земен е револуционерниот период од македонската историја. Таа униформа би ја нарекла – романтична. Додека овие новиве, работени се според теркот на една класичната гардиска униформа. Оваа униформа е некако поуниверзална и, би рекла, поевропска.“

3. Старите униформи имаа континуитет и тоа не само од по осамостојувањето на Македонија туку и претходно македонски револуционери, како на пример Даме Груев и Сандански, носеле слични униформи. Следниве фотографии се повеќе од доволен доказ за тоа:



...

Или кажано со една реченица зошто бев против и сè уште сум против воведувањето на новите униформи е затоа што условно „старите“ гардиски униформи изгледаа доволно добро за да нема никаква потреба истите да се менуваат со нови.

Менуваме нешто убаво, складно и со традиција, за нешто што е без континуитет и претставува невкусен спој од елементи.

Некој одбивањето да научи и неприфаќањето на фактот дека Македонија има гардиска униформа се обидува на ваков начин да го наметне на македонската држава, при тоа лечејки си ги сопствените фрустрации.

Ова е обид да се прикаже дека дури и македонската армија почнуваат од сега, притоа омаловажувајќи го сето она што како традиција претходно е вградено во независна Македонија.

Нешто слично се прави и со паркот жена, кој наместо да биде во фунција на она што го определува неговото име, сосема неоправдано се полни со споменици на мажи.

Тоа се вика непочит кон традицијата преку нејзино бришење или тривијализирање со наметнување на критериуми и несвојствени за самиот простор концепти.

4 comments:

Развигор said...

Ту како никој не примети дека „новите“ гардиски униформи се скоро исти како униформите на бугарските офицери или полицајци кои во текот на Втората светска војна ја биле окупирале Македонија, а помогнати од домашни предавници меѓу кои обожаватели на хероите на бугарштината Ванчо Михајлов и неговиот учител Тодор Александров...

Развигор said...

Фотографии од бугарските окупатори на МАкедонија

Anonymous said...

Ќе има напис и за бугарското во новите униформи. Затоа е започната новата категорија „uniforms“.

Благодарам за коментарот, ќе цитирам.

rovdyrdreams said...

Interesting old photos.