Showing posts with label Униформи. Show all posts
Showing posts with label Униформи. Show all posts

Saturday, October 27, 2012

Година и кусур од воведувањето на побугарените гардиски униформи

Новите униформи од повеќемина беа квалификувани дека потсетувале на бугарските униформи.

Развигор:
„...„новите“ гардиски униформи се скоро исти како униформите на бугарските офицери или полицајци кои во текот на Втората светска војна ја биле окупирале Македонија, а помогнати од домашни предавници меѓу кои обожаватели на хероите на бугарштината...“

„Повеќе ми се допаѓаа старите униформи. Овие некако многу ми личат на бугарските...“

„Гардиската шубара е повеќе бугарска отколку македонска“

„Искрено комитските некако понаши ми личеа, навикнат бев да ги гледам. Кога ги гледав одма на тврдокорни ме потсеќаа и на филмовите со нашите против Турците. Некако поавтентични ми личеја и ако ги споредувам со сликите од комити и војводи барем тие кај јас сум ги видел. Овие некако ми се туѓи и да си бидам искрен накај бугарско ми маваат.“

„Мене овие униформи ми се како некаква Усташко-Балистичка-Бугарска-Играорска комбинација за кољачки одред.Посебно со тоа гестаповските чизми како да ќе идат по риба,капите на офицерите и капите на војниците. Посељачка комбинација од ова немам видено дизајнерот може слободно да си пука во колено.“

Браво за „генијот“ на кој што му текна на македонската армија да ѝ наметне униформа која наликува на бугарската.

Потрагично е што ова не било случајна грешка, туку нивниот креатор Ношпал тоа го направил свесно и намерно. Ова тој бесрамно го соопшти (Журнал):

„Сегашните нови предложени униформи, имаат многуте детали, кои според дизајнерот се одраз на регионот, па и со елементи од соседна Бугарија и Грција.“

Кој разумен Македонец би дозволил свечените униформи на македонската армија да бидат со елементи од соседна Бугарија и Грција? Па ние мака мачиме да ја докажеме својата посебност и засебност, а некој си дозволил да презема туѓи елементи. Зарем македонскиот бит е пресиромашен па да мора да крадеме од соседството?

Трагикомично.

Friday, September 28, 2012

Зошто требало да се воведат нови гардиски униформи?

Како одговор на моето тврдење дека нема потреба од воведување на нови гардиски униформи најчесто го слушав контрааргументот оти било неопходно затоа што старите униформи не биле практични. Имено на војниците кои што ги носеле летно време им држеле многу топло (Журнал):

„Гардистите на АРМ на летни температура се онесвестуваа во своите сегашни униформи скроени од дебело платно.“

Во тој случај Британците треба први да ги сменат нивните униформи, но не го прават тоа? Зошто? Затоа што знаат да ја ценат сопствената традиција и знаат колкава е нејзината вредност.

Искрено се сомневам во тврдењето дека гардистите на летни температури се онесвестувале во нив (летно време во Македонија и гол да одиш пак ќе ти биде жешко), а дури и да е така можело само да се смени материјалот од кој што се направени, односно униформите да се изработуваат од некој потенок материјал. И самото тврдење на Ношпал го кажува тоа, им било жешко во нив затоа што биле „скроени од дебело платно“, скрои ги од потенко платно и решен проблем, не е некоја голема филозофија.

Сега кога македонската армија конечно има нови униформи што не држат толку топло, се плашам дека на некој иден гениј може да му текне да ги смени затоа што зимно време на гардистите не им држеле доволно топло.

А околу практичноста се поставува прашањето, колку всушност се практични новите униформи? Нивната практичност ја покажува фотографијава (MKD.mk):

При салутирањето на војникот не само што целата се искривува во предел на ременот, туку и му го открива половинчето. Ако го фотографирале однапред можеби ќе му се видело и папочето.

Дали е тоа свечена униформа на една армија или пак работно одело на стриптизер. Замислете ситуација - му салутираат на генералот со голо стомаче.

Зарем вака треба да изгледа една свечена воена униформа која е со намера да одразува чест, сигурност, гордост и достоинство и кај граѓаните да побудува почит кон сопствената армија?

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев за Вечер има изјавено:

„Гардиската униформа е најсвеченото обележје на една армија. Таа е репрезент и таа е ликот на армијата.“

Гардиска униформа во која на војниците им се познава половинчето е ептен добар репрезент за македонската армија. Алал нека им е.

До истата ситуација припадниците на Армијата на Македонија во истите овие униформи беа доведени и при свечената смена на знамето - PlusInfo. Жално!

Wednesday, September 26, 2012

Неоправданото воведување на нови гардиски униформи

Пред речиси две години одлуката, покрај, „старите“ униформи на гардистите, да се воведат и неколку типови нови свечени униформи, ја оценив како излишна и тоа поради низа причини:

1. Тогаш единствените гардиски униформи (во понатамошниот текст ословувани како „стари“) кои ги имаше македонската армија естетски изгледаа сосема солидно.

Во својата колумна „Од трите подолгото“ (Кирилица, четврток 09 декември 2010), авторот потпишан како Коњот на Гоце вели:

„Едноставно кажано, од сегашните гардисти кои личат на комити, ќе направиме нови кои ќе личат на геј овчари/келнери, или штрумфови играорци. Срамота е!

...Погледнете и одлучете сами. Дали е подобро за еден гардист, кој е гордоста на армијата и државата, да изгледа како комита, или како играорец?

Нема ништо лошо во нашите народни носии. Нема ништо лошо да е некој овчар. Нема ништо лошо во античките шлемови. Нема ништо лошо во претставување на нашето културно и историско наследство, ама има многу лошо во тоа да се натрупа сето тоа на едно место. Изгледа лошо, изгледа простачки! Срамота е и шлаканица врз лицето на војниците кои ќе треба да ги носат.

Дали сте вие нормални, направете прототип на тенк, на хеликоптер, на беспилотно летало, на панцир, на егзоскелет, а не вие пак ко волот у купусот, право во кич и во уништување на нешто на кое не му требаше никакава поправка – кое беше и е совршено.“

За разлика од новите униформи кои добија купишта критики, не сум сретнал некој да се пожалил на изгледот на старите униформи. Напротив, забележан е случај кога на емирот од Катар толку многу му се допаднале па побарал една за спомен (Утрински Весник).

2. Изгледот на старите униформи е уникатен и во регионот, а и пошироко, а токму тоа ги прави лесно препознатливи и карактеристични за Македонија.

Новите униформи се поопшти (со увезени елементи) и помалку карактеристични за Македонија. Ова го констатира костимографката Лира Грабул (Утрински Весник):

„Во старите гардиски униформи, т.н. комитски, како идеја е земен е револуционерниот период од македонската историја. Таа униформа би ја нарекла – романтична. Додека овие новиве, работени се според теркот на една класичната гардиска униформа. Оваа униформа е некако поуниверзална и, би рекла, поевропска.“

3. Старите униформи имаа континуитет и тоа не само од по осамостојувањето на Македонија туку и претходно македонски револуционери, како на пример Даме Груев и Сандански, носеле слични униформи. Следниве фотографии се повеќе од доволен доказ за тоа:



...

Или кажано со една реченица зошто бев против и сè уште сум против воведувањето на новите униформи е затоа што условно „старите“ гардиски униформи изгледаа доволно добро за да нема никаква потреба истите да се менуваат со нови.

Менуваме нешто убаво, складно и со традиција, за нешто што е без континуитет и претставува невкусен спој од елементи.

Некој одбивањето да научи и неприфаќањето на фактот дека Македонија има гардиска униформа се обидува на ваков начин да го наметне на македонската држава, при тоа лечејки си ги сопствените фрустрации.

Ова е обид да се прикаже дека дури и македонската армија почнуваат од сега, притоа омаловажувајќи го сето она што како традиција претходно е вградено во независна Македонија.

Нешто слично се прави и со паркот жена, кој наместо да биде во фунција на она што го определува неговото име, сосема неоправдано се полни со споменици на мажи.

Тоа се вика непочит кон традицијата преку нејзино бришење или тривијализирање со наметнување на критериуми и несвојствени за самиот простор концепти.