Saturday, September 22, 2012

Македонец второнаграден на натпревар за најдобро видео во САД

На 1. август годинава, на осмиот по ред интернационален саем во Естес Парк, Колорадо, САД, повеќе интернационални работници ги претставија своите матични земји. Меѓу нив имаше и Македонци кои на овој настан, под црвеното знаме со шеснаесетзрачно златно македонско сонце, на својот уредно подготвен штанд ја претставија својата татковина, Македонија.

За тоа во какво светло успеале да ги прикажат убавините на Македонија доволно говори фактот што на натпреварот за најдобро видео, во конкуренција на сите интернационални работници кои моментално работат во било кој дел од Соединетите Американски Држави, второто место го освои Македонецот Пеце Нешковски и тоа со видео направено токму на интернационалниот саем во Естес Парк во Колорадо.

По повод освоеното второ место, за кое што тој неодамна добил известување од организаторот Spirit, Пеце вели: „Не сум толку задоволен од наградата iPod, колку што сум задоволен што се споменува Македонија како второнаградена и што многу луѓе преку ова ќе дознаат за нашата држава. Моментално моето видео е гледано од сите интернационални работници што работат во Америка.“

Камо среќа да имаме што повеќе млади луѓе како Пеце Нешковски, кои како вистински македонски амбасадори ќе ја користат секоја можност за по убаво да ја претстават Македонија пред погледот на светот.

А.С. Извор: Македонска Ризница, број 2.

No comments: