Би сакал да ви го препорачам текстот „Потреба за итна и неминовна поддршка за талентирани историчари со промоции на нивните дела“ од Јанко Томов, објавен на Интернет порталот Македонска нација. Не само поради добрата поента туку и поради тоа што е спомнат и авторот на овој блог:
Благодарност!
„Ви ги препорачувам следните млади и талентирани македонски историчари, кои првенствено сум ги забележал со своите најнови историски македонски книги, статии, написи и коментари,а најмногу на веб страната „Македонска нација“:
- Александар Донски, еден од најталентираните македонски историчари со петнаестина објавени историски книги и голем број на историски статии во познати издавачки куќи и медиумски изданија на македонски и на англиски јазик;
- Олга Новачева (Враќање кон митовите);
- Тихомир Каранфилов;
- Александар Стефанов ( За толерантноста на Македонците);
- Тренчо Димитриоски ( Новинар, писател, историчар-Големиот антички град Стибера кај село Чипигово);
- Иван Алексов (Документи за Македонија и Македонците - од праисторијата до почетокот на 21 век);
- Јован Поп Илиев Економов (Материјата на Веда Словена);
- Васил Чулев (Македонски милеумски континуитет);
- Гордана Димовска, лингвист и историчар од Мелбурн, Австралија;
- Ристо Стефов, историчар со неколку книги и безброј историјски и национални статии и написи, Торонто, Канада;
- Денис Тенев (Јазикот на Македонците);
- Меланија Шерденковска (Архитектура на Клеопатриниот Египет во 31 г.п.н.е.);
- Кире Филев (Дејствување на организацијата на ВМРО во Штип и Штипско 1946 год.);
- Благојче Андонов (105 години од Епопејата на ножот);
- Вангелко Лозиновски,Гордана Димовска (По трагите на античкиот Македонски јазик).“
Благодарност!
No comments:
Post a Comment