Интервју со Ангел Митревски - потпретседател на Заедницата на Македонците во Р. Хрватска.
Една од најдобро интегрираните, но не и асимилирани, македонски заедници надвор од Македонија е онаа од соседна Хрватска. Тие, од наодамна, како Македонци се признаени и во преамбулата на самиот хрватски Устав и како такви ги уживаат сите национални права. За разлика од некои други соседни земји во кои што Македонците се соочуваат со постојани негирања на нивниот идентитет, Македонците во Хрватска со добрата волја на раководството на земјата, со години наназад, без никакви пречки, го негуваат македонскиот јазик и македонската традиција и култура.
Сево ова беше повеќе од доволен повод за да ги контактираме одговорните луѓе на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а оттаму на прашањата љубезно ни одговори потпретседателот на Здружението - дипломираниот инженер Ангел Митревски.
1. Колкав е бројот на Македонците во Р. Хрватска и во кои градови има најбројни македонски заедници?
- Во Р. Хрватска по последниот попис од 2001 година живеат 4270 Македонци. За жал сè уште ги немаме резултатите од последниот попис од 2011 година кои што се однесуваат на бројот на Македонците во Р. Хрватска. Реално е да очекуваме дека овој број би бил некаде околу 5.000 Македонци што би претставувал и успех бидејќи времето си го чини своето. Најголема е концентрацијата на Македонците во Загреб, Риека, Сплит, Пула, Задар и Осиек.
2. Како Македонците се прифатени во хрватското општество и се почитуваат ли нивните национални права?
- Секаде го истакнувам фактот дека Р. Хрватска го има решено малцинското прашање со Уставниот закон за правата на малцинствата на најдобар можен начин. Ова се однесува на сите национални малцинства, па и на македонското. Со уставните измени од пред една година влеговме и во преамбулата на хрватскиот Устав со што навистина можеме да бидеме задоволни. Националните права на Македонците со ова се загарантирани и само од нас самите зависи во колкава мера и на кој начин ќе ги конзумираме.
3. Според ваше искуство која е првата асоцијација која што им паѓа на ум на Хрватите кога ќе слушнат за Македонија?
- Пријателска земја со добри луѓе, познати по своето гостопримство, добрина, топлина и земја на луѓе кои што се вредни, чесни, но кои исто така сакаат да се провеселат за што имаат поддршка од својот национален мелос со познатиот 7/8 такт.
4. Како се организирани Македонците во Р. Хрватска?
- Заедницата на Македонците во Р. Хрватска постои веќе 21 година. Ја сочинуваат македонските културни друштва наведени по времето на формирањето на самите нив: МКД „Илинден“ од Риека, МКД „Македонија“ од Сплит, МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек, МКД „Биљана“ од Задар, МКД „Охридски бисер“ од Загреб и МКД „Св.Кирил и Методиј“ од Пула. Сите друштва се финансираат преку проекти и програми кои ги поднесуваат преку Заедницата до Советот на националните малцинства на Р. Хрватска кој ја врши расподелбата на средствата од буџетот на Р. Хрватска за националните малцинства. Бројот на членовите во друштвата варира од 80 до 300 членови со македонско потекло но она што посебно нè радува е податокот дека и многу не-Македонци се наши членови, што е уште една потврда на добрата прифатеност на Македонците во Р. Хрватска.
5. Кои се активностите кои што Заедницата на Македонците во Р. Хрватска ги презема за зачувување и истакнување на посебноста на Македонците?
- Заедницата на Македонците во Р. Хрватска е формирана на 22.12.1991 година и веќе 21 години делува како етничка и национална заедница, односно како аполитичко и непрофитно здружение. Нејзината основна дејност се состои во чување на националниот идентитет и ентитет, негување на јазикот, фолклорот, пишаниот збор, културните и природните богатства на Република Македонија, историските факти и вистината, како и одржување на тесни контакти со матичната држава и соработка со нејзините институции. Заедницата успешно соработува со Амбасадата на Македонија во Хрватска, со Македонската Православна Црква во Хрватска како и со сите останати институции во Хрватска и Македонија. Основна цел на членовите на Заедницата е да бидат лојални и достојни граѓани на Република Хрватска како чесни и достојни амбасадори на Република Македонија. Програмската ориентација на Заедницата и нејзините друштва е многу амбициозна и разновидна, а се состои од: музичко-сценски, ликовно-изложбени, книжевно-лингвистички, информативно-образовни, просветно-педагошки и историско-издавачки активности.
На ниво на Заедницата се одбележуваат поголемите значајни јубилеи и празници. Секоја година традиционално се прославува Илинден, потоа „Ден на Заедницата”, „Денови на македонската култура”, „Рацинов ден”, „Денови на браќата Миладиновци“, „Денови на Свети Кирил и Методиј”, се организираат разни изложби, промоции и уште многу други настани. Посебен успех на Заедницата е одржувањето на Летното училиште на македонскиот јазик во Рогач на Шолта, кое се одржува неколку години по ред за деца на Македонците во Хрватска, но и на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Отворени се и работат дополнителни настави на македонски јазик за деца во училишта во Загреб, Пула, Осиек, Риека, Сплит и од 2011/2012 училишна година и во Вуковар, а започнаа со емитирање и емисиите на македонски јазик „Македонски минути” на Радио-КЛ во Сплит и „Македонски час” на Радио-057 во Задар.
Во самите македонски културни друштва формирани се различни секции: фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, спортски, детски, етно-работилници, готварски итн. Македонските културни друштва одржуваат свои самостојни културни манифестации, а настапуваат и на културни манифестации насекаде во Хрватска. Програмските активности на Заедницата се финансираат со средства од државниот буџет на Република Хрватска преку Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска, со средства на ниво на градовите и жупаниите во Хрватска, како и со средства од Министерствата на Република Македонија, а и со помош на индивидуални спонзорски донации. Реализацијата на програмите се следи преку Хрватската радиотелевизија и тоа преку мултинационалната програма за националните малцинства „ПРИЗМА”, преку радио-емисиите за националните малцинства, преку дневниот печат и останатите медиуми.
6. Неодамна во повеќе градови во Р. Хрватска се одржаа македонски културни манифестации. Задоволни ли сте од одзивот и од тоа како тие поминаа?
- Сите манифестации кои што ги организираат Македонците во Р. Хрватска се одлично прифатени и посетени не само од припадниците на македонското национално малцинство во Р. Хрватска туку и од домицилното население што нè радува посебно бидејки ни покажува дека сме добро интегрирани но не и асимилирани во хрватското општество.
7. Македонците во Р. Хрватска, иако немногубројни, ги уживаат највисоките малцински права, вклучително и тоа да бидат признаени во хрватскиот Устав. Ги споделувате ли овие ваши искуства со здруженијата на Македонците во соседните земји за и тие полесно да стигнат до посакуваните права?
- Не само што ги споделуваме овие наши искуства со нашите сонародници во соседните држави, туку и активно им помагаме во нивната борба за зачувувањето на македонскиот национален идентитет и култура. На наша иницијатива (МКД „Македонија“ од Сплит) во Мостар, БиХ пред две години се основаше МКУ „Вардар“ која сега е носител на малцинската активност во Мостар. Веќе четири години организираме меѓународно школо на македонски јазик на хрватскиот остров Шолта, крај Сплит, во кое покрај Македончињата од Р. Хрватска, задоа учество и околу триста деца припадници на македонското национално малцинство од Бугарија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. За жал овој проект оваа година моравме да го укиниме бидејки Владата на Р. Македонија не ни одобри средства за него.
8. Пријателството меѓу Македонија и Хрватска е веќе докажано. Како тоа во иднина да се унапреди?
- Унапредувањето на културните врски, на стопанските врски се еден од начините на зајакнувањето на и вака добрите односи помеѓу Р. Хрватска и Р. Македонија. За жал, мислам дека во Р. Македонија не е препознаена во доволна мерка активноста што ја работи Заедницата на Македонците во Р. Хрватска посебно во зачувањето на македонскиот национален идентитет кај втората и третата генерација на Македонци. Само да ги претставам фактите дека во Р. Хрватска на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека се запишани 1307 студенти, дека имаме 10 дипломанти и 2 одбранети дипломски работи, дека во учебната школска година имаме во шест училишта во Загреб, Пула, Риека, Осиек, Сплит и Вуковар околу осумдесет деца кои го изучуваат македонскиот јазик и културата како изборен предмет во редовната настава, а оценката од овој предмет влегува во службеното свидетелство како: Изборен предмет - „Македонски јазик и култура“, дека следната школска година отвараме уште две училишта со македонски јазик во Винковци и Загреб со уште 40 деца, дека веќе четири години имаме своја емисија на македонски јазик во Сплит: „Македонски минути“ уредувана и водена од Македонец (Ангел Митревски), а и во Задар од минатата година „Македонска ура“ уредувана исто така од Македонка (Мирјана Маиќ) и многу други неброени манифестации, изложби, предавања, трибини и сл. Целиот овој потенцијал и прекрасната позитивна слика за Македонија која ја ствараме овде може многу подобро да се искористи доколку сето ова ќе се препознаеше од нашите власти до сега.
9. Би можело ли во иднина да очекуваме засилена подршка од Р. Хрватска за прием на Р. Македонија во ЕУ и НАТО?
- Сигурно, поготово по ратификацијата на пристапниот договор на Р. Хрватска со ЕУ, и по нејзиното полноправно членство. Вековните врски помеѓу македонскиот и хрватскиот народ ќе бидат, веруваме, потврдени и понатаму.
10. Која е вашата порака за крај?
- Македонското национално малцинство во Р. Хрватска представува една јака врска помеѓу нашата „Татковина“ и нашата сегашна „Домовина“. Македонците од Р. Хрватска во секое време ги поддржуваат сите напори на Р. Македонија што ги чини на патот за Европската интеграција и влегувањето во НАТО, поготово во напорите за решавањето на проблемот со името со нашите „мили и драги соседи“. Можеме само да порачаме на сегашното македонско раководство дека ја имаат нашата потполна подршка во овој случај: „Сè може да се менува, но името и она што си, никој не може да ти го смени и по никоја цена“. Ние сме и ќе останеме Македонци без оглед на тоа дали некому тоа му се допаѓа или не. Да живее Република Хрватска. Да живее Република Македонија.
А.С. објавено и на Македонска Нација

No comments:
Post a Comment