Во 1991 година, Љубчо Георгиевски, понизно ги убедуваше Македонците дека во партијата чиј претседател е нема бугарофили:
По само една декада Георгиевски изнесе сосема спротивен став, дека ВМРО-ДПМНЕ е основано од бугарофили:
Во истото интервју со Васко Ефтов тој додава:
„Во ВМРО-ДПМНЕ верувајте навистина нема никакво бугарофилство. Нашата политика е многу јасна. Ако веќе први ја исфрливме идејата за една потполно независна, самостојна македонска држава, верувајте дека ние немаме намера никогаш да скршнеме од таа идеја... Кои се интересите на ВМРО-СМД во Бугарија и во Македонија да се докаже, дека ВРМО-ДПМНЕ е бугарофилска партија, навистина не ми е јасно...“ - Љубчо Георгиевски, МТВ, 1991 година.
По само една декада Георгиевски изнесе сосема спротивен став, дека ВМРО-ДПМНЕ е основано од бугарофили:
„Од 1990-та па до 2002-та година кога јас заминав, можам слободно да ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ беше партија на бугарофили. Слободно можам да ви кажам дека две-третини од членовите на Извршниот комитет перманентно биле т.н. бугарофили, 50% од членовите на ЦК биле т.н. бугарофили.“ - Љубчо Георгиевски, Во центар (со Васко Ефтов), Канал 5, 28 мај 2010 година.
Во истото интервју со Васко Ефтов тој додава:
„Па еве, јас ви кажувам дека Владата 1998-2002 година, 50 посто беше бугарофилска.“ - Љубчо Георгиевски, Во центар (со Васко Ефтов), Канал 5, 28 мај 2010 година.
Па еве, тој ни кажува дека еднаш ја кажал вистината, а друг пат излажал. Кога ја зборувал вистината, а кога излажал вие одлучете.
Бугарофилството на Љубчо Георгиевски уште во 1992 година, е забележано од таткото на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски:
„Директно учествував во организирањето на неговите настапи пред Макдонците во Канада и се ќе минеше како што беше планирано, ако гостот Љупчо Георгиевски со една своја срамна постапка не ги револтираше до крајни граници Македонците во Торонто. Ние го донесовме Љупчо Георгиевски во Канада и Америка да зборува пред нашето иселеништво, за целите и борбата што ја води ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и ние не бевме ни сонувале дека главната цел на неговата посета тој ќе ја посвети за братимење со бугароманската организација на Ванчи Михајлов, таканаречената Македонска Патриотическа Организација (МПО).“ - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк.
Па сепак Георгиевски, служејќи се со манипулации, во тоа време вешто го прикрива своето бугароманство:
„Во својот одговор на мојата изјава, исто така објавен во „Нова Македонија“, Љупчо Георгиевски се послужи со лага, тврдејќи дека сум бил јас тој што сум го навел да се сретне со бугароманите!Ни на соне не си замислував дека тој ќе биде толку нечесен, па така безобразно да лаже, но се покажа дека многу не сум го познавал мојот млад „пулен“…“ - - Драган Богдановски, писмо од 1997 година, МКД.мк.
Сомнежите за бугарофилството на Георгиевски, во 2000 година се потврдени и од Драги Радински:
„Со Георгиевски на власт дојде Ванчо Михајлов“ - Драги Радински, Today, 4. јули 2000 година.
No comments:
Post a Comment