Wednesday, July 04, 2012

Македонското знаме се вее во Бугарија

Сведоци сме дека во последниов период вестите поврзани во исто време и со Македонија и со Бугарија, без оглед на тоа дали се пренесени во македонските или пак во бугарските медиуми, најчесто се за негативни политичко-историски настани и се со потенцијал за предизвикување на лавина од коментари со говор на национална омраза.

Овој краток фото блог запис е поттик ваквата практика да се известува пред сè за негативните и контроверзни настани поврзани со двете земји да се остави во минатото.

На влезот на хотелот Mistral, лоциран во бугарскиот град Несебар, покрај останатите, се вее и знамето на Македонија.

Колку тривијално и да звучи ова, сепак е некаков позитивен импулс кој вреди да се спомне, ако не за друго барем за балансирање во известувањето.

1 comment:

Objektiven said...

Jas neznam sto vi e cudno!? Bugarija i vo ilindenskiot period i po nego, sakala Makedonija da stane samostojna drzava.!991 prva zemja koja sto ja prizna nezavisnosta na Makedonija bese Bugarija, koja isto taka napravi i Rusija da ne priznae kako samostojna drzava. Ako odis vo Blagoevgrad, ili koj i da e grad vo Pirinska Makedonija (sega del od Bigarija), vo kafeanite peat pesni Makedonski. Problemot e sto Bugarija ni go negira Jazikot i Nacijata...