Дали Георгиевски се сеќава на своите изјави или целосно заборавил исто како што ги забораваше предизборните ветувања. Еве што тој кажал во 1990 година, во миговите кога Македонија се приближуваше кон својата независност:
Истиот овој Љубчо Георгиевски кој тогаш ги потсетувал Македонците оти од овде Александар Македонски го започнал својот историски поход, денес ги исмева истите тие Македонци поради тоа што се чувствувале како потомци на славниот македонски крал и војсководач. Тој исто така го исмева поставувањето на статуите на Александар Македонски во Македонија и на најдрзок можен начин си поигрува со националните чувства на Македонците.
Во една друга своја колумна исто така за Александар вели:
Претседателот на СМК, Тодор Петров, за тоа поради кои причини народот во Македонија гласал за Георгиевски вели:
За преобразбата на Љубчо Георгиевски од голем антички Македонец во уште поголем анти-Македонец, објаснува Мишко Талески:
Доктор Џекил, пациент Хајд. Ко да се работи за двајца луѓе, едниот нормален, другиот со испомешани струјни кола во главата.
„...Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски...“ - Љубчо Георгиевски, митинг од 7.11.1990 година.
Истиот овој Љубчо Георгиевски кој тогаш ги потсетувал Македонците оти од овде Александар Македонски го започнал својот историски поход, денес ги исмева истите тие Македонци поради тоа што се чувствувале како потомци на славниот македонски крал и војсководач. Тој исто така го исмева поставувањето на статуите на Александар Македонски во Македонија и на најдрзок можен начин си поигрува со националните чувства на Македонците.
„Знам дека скаската за Александар е многу милозвучна! Ама лажна, многу лажна! На крајот на краиштата, ние имаме автохотна историја, ама таа не е поврзана со Александар.“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година.
Во една друга своја колумна исто така за Александар вели:
„преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја...“ - Љубчо Георгиевски, „За внуците на Аминта“, Фокус, 27.04.2009 година.
Претседателот на СМК, Тодор Петров, за тоа поради кои причини народот во Македонија гласал за Георгиевски вели:
„Љубчо Георгиевски... заборави дека изборите ги доби со Александар Македонски...“ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година.
За преобразбата на Љубчо Георгиевски од голем антички Македонец во уште поголем анти-Македонец, објаснува Мишко Талески:
„Одеднаш, според Георгиевски, Александар Македонски е лудост на денешните Македонци, бидејќи тој бил Грк, а еве што вели Стојан Андов во една колумна за Георгиевски и неговите гледања за Александар...
„...Во првата фаза од конфликтот во 2001-ва, после акцијата „за ослободување на Тетовското кале“, се јавија различни оценки за она што се случува и како понатаму да функционира државата. Тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, акцијата ја оцени како прва голема победа во историјата на Македонија, од времето на Александар Македонски.“
Значи тогаш Александар бил Македонец, а денес е Грк. Љубчо треба да ни даде образложение на оваа драстична промена во неговите сфаќања.“ - Мишко Талески „Фрустрирачките ставови на политичките депресивци“, MN.mk, 25.01.2012
Доктор Џекил, пациент Хајд. Ко да се работи за двајца луѓе, едниот нормален, другиот со испомешани струјни кола во главата.
No comments:
Post a Comment