Рамковниот договор, покрај странските претставници, од македонска страна го потпишаа петмина, но најголем виновник меѓу нив за доведувањето на Македонија до тоа дереџе е Љубчо Георгиевски затоа што како премиер не успева да го превенира конфликтот и затоа што откако тој веќе се случи не успеа да ја извлече Македонија од конфликтот без никакви понижувања.
Еве како тој го компарира овој предавнички чин, небаре тој не го ставил својот потпис на договорот:
Имајќи предвид дека и тој беше меѓу оние кои го потпишаа Рамковниот договор, Георгиевски директно признава дека извршил чин на предавство, односно дека е предавник. Според ова и не без право многумина револтирани Македонци на Интернет споделија слика со видоизменет назив на неговата т.н. автобиографија - Тоа сум јас, предавник.
Мето Коловски, претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, при посетата на Македонија се зачуди зошто тој не е во затвор за предавство:
За предавство го обвинија и од Светскиот Македонски Конгрес:
А уште еднаш за предавство го обвини и претседателот на СМК, Тодор Петров:
Всушност ова што сега го прави Георгиевски, плукање по Македонија и по македонштината, е само продолжување на таа негова предавничка игра:
Зошто второто предавство е полесно од првото, Георгиевски индиректно објаснува во една своја колумна.
Всушност она за кое што тој ги обвинува другите (македонскиот народ) повеќе говори за самиот него. Од ова негово писание можеме да заклучиме дека на човек како Георгиевски кој веќе еднаш ја предал македонската кауза, многу полесно му е да го направи истото по вторпат, особено пак ако е финансиски добро мотивиран.
И кога некој негов поддржувач иронично ќе запраша зошто оние кои некогаш го славеле како голем патриот денес го плукаат како предавик, нека знае дека не народот се сменил туку оној кој се сменил е Љубчо Георгиевски. Некогаш тој држеше патриотски говори, а денес дава антимакедонски изјави.
А за тоа кој му е виновен на Георгиевски што во очите на македонскиот народ стана предавник, најдобар одговор дава Мане Јаковлески:
Еве како тој го компарира овој предавнички чин, небаре тој не го ставил својот потпис на договорот:
„Љубчо Георгиевски изјавува: „Рамковниот договор де факто значи федерализација на Македонија. Ако тоа го споредиме со преговорите за името, тврдам дека потпишувањето на рамковниот е пет пати поголемо предавство од евентуално ново компромисно име.“ Директно признание за предавство! - Мишко Талески.
Имајќи предвид дека и тој беше меѓу оние кои го потпишаа Рамковниот договор, Георгиевски директно признава дека извршил чин на предавство, односно дека е предавник. Според ова и не без право многумина револтирани Македонци на Интернет споделија слика со видоизменет назив на неговата т.н. автобиографија - Тоа сум јас, предавник.
Мето Коловски, претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, при посетата на Македонија се зачуди зошто тој не е во затвор за предавство:
„Мето Колоски прашува: Зошто Ахмети и Георгиевски не се во затвор?“ - PlusInfo, 04.10.2011 година.
За предавство го обвинија и од Светскиот Македонски Конгрес:
„СМК: Љубчо треба да одговара за велепредавство“- Курир, 10.07.2012 година.
А уште еднаш за предавство го обвини и претседателот на СМК, Тодор Петров:
„Георгиевски не треба да заборава, а очигледно заборавил, дека преземајќи ја своевремено функцијата потпретседател на претседателот и премиер на Македонија полагаше заклетва дека ќе го брани суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. За жал, со неговите последни изјави покажа и докажа дека за време на својот мандат кроел заговор за етничка кантонизација и територијална дезинтеграција на Македонија. Тоа е чин на велепредавство, најтешко кривично дело, ја прекршил заклетвата заради која добил мандат за власт во државата Македонија...
И затоа, сосема одговорно, конечно, за Љубчо е само Идризово, ако претходно не е потребна дијагноза од надлежна установа! Беше и остана велепредавник со тапија! “ - Тодор Петров „Заговорот на Љубчо против Македонија заслужува доживотно во Идризово“, 16.07.2012 година.
Всушност ова што сега го прави Георгиевски, плукање по Македонија и по македонштината, е само продолжување на таа негова предавничка игра:
„Сега за сега, Георгиевски е многу популарна личност во Грција поради очигледни причини – тој не сака да пропушти шанса да ја посрамоти Македонија, а Грција не сака да пропушти шанса да се направи сензација од тоа. Неговите коментари за весниците во Атина се вистинско богатство, пренесува бугарската агенција Фокус.“ - Mkd.mk, 02.07.2012 година.
Зошто второто предавство е полесно од првото, Георгиевски индиректно објаснува во една своја колумна.
„На народот кој што еднаш веќе го смени комплетниот идентитет, очигледно му е полесно и вторпат да го направи истото.“ - Љубчо Георгиевски, „Македонија апостат“, Фокус, декември 2011 година.
Всушност она за кое што тој ги обвинува другите (македонскиот народ) повеќе говори за самиот него. Од ова негово писание можеме да заклучиме дека на човек како Георгиевски кој веќе еднаш ја предал македонската кауза, многу полесно му е да го направи истото по вторпат, особено пак ако е финансиски добро мотивиран.
И кога некој негов поддржувач иронично ќе запраша зошто оние кои некогаш го славеле како голем патриот денес го плукаат како предавик, нека знае дека не народот се сменил туку оној кој се сменил е Љубчо Георгиевски. Некогаш тој држеше патриотски говори, а денес дава антимакедонски изјави.
А за тоа кој му е виновен на Георгиевски што во очите на македонскиот народ стана предавник, најдобар одговор дава Мане Јаковлески:
„Љубчо самиот се предаде.
Се прашувам, во што се преобрази патриотот од 90-тите години кој се гордееше на Филип II и Александар Македонски? Дали е тој истиот човек кој сака да дојде на власт во земја, за која вели дека има фалсификувана историја и покрај толку истражувања, факти и докази за она што сме како народ и кои се вистинските фалсификатори?
Се посомневав во патиотизмот и искреноста на Љубчо кога го тргна 16 кракото сонце од амблемот на партијата и второ, кога си го смени името Љуп(б)чо.“ - Мане Јаковлески „Љубчо е за жалење“, Македонска Нација, 04 јули 2012 година.
2 comments:
ne zatvor tuku porogonstvo od drzavata,da ne stapne poveke vo Makedonija.Vo zatvor od nasite pari ke go hranime ...
Љубчо не е преавник а патриот глупаци тапанари сте вие! http://www.youtube.com/watch?v=BN_Jvw1ewUg
Post a Comment