Friday, July 20, 2012

Клинтон, Блер и Буш за Обединета Македонија?

На Wikipedia на англиски јазик за поздравот „Обединета Македонија“ (United Macedonia salute) пишува:

"The United Macedonia salute is a salute with the thumb and pointing finger shaped in a circle and the left over three fingers pointing up..."

„Поздравот Обединета Македонија е поздрав во кој што палецот и показалецот формираат круг, а останатите три прсти се насочени кон горе...“

Визуелно поздравот е налик на овој:

Хммм... Клинтон за Обединета Македонија?

И Тони Блер?

Зарем и Буш???

Всушност не.

Гестот со рака на ниеден од претходните личности го нема значењето на поздравот за Обединета Македонија (Обединета Македонија - Вардар, Егеј, Пирин). Истиот овој гест освен претходно споменатото има и сосема друго значење.

Повторно ќе се послужиме со извадок од Wikipedia на англиски јазик:

"An A-ok is both a saying, derived from okay, and a hand-gesture done by connecting the thumb and forefinger in to a circle (the O), and holding the other fingers straight or relaxed in the air."

„А-ок е фраза и гест со рака со допирање на палецот и показалецот кои при тоа формираат круг (О) додека останатите прсти стојат исправени или во релаксирана позиција.“

Па така знаејќи го ова второ значење (А-ОК) на овој гест со рака одговорот на прашањето во претходниот блогпост е „најверојатно не“. Претпоставуваме дека креаторите на логото налик гест со рака (и насмеано лице) сакале да кажат дека претставувајќи ја Македонија секој од нас треба работите да ги доведе во најдобар можен ред како туристите би останале задоволни од тукашниот престој.

Но сепак воопшто не би ме зачудило дежурните македонофоби од југот, исполнувајќи ја својата животна цел - омраза кон сè што е македонско, да се најдат испровоцирани од овој владин проект и да проронат по некоја крокодилска солзичка.

No comments: