Tuesday, July 17, 2012

Лекција по пропагандизам

На грчкиот сајт www.macedoniahellenicland.eu за да го покаже македонскиот народ во целост како иредeнтистички се послужиле со фотографија на која што се гледа како навивачи поздравуваат со т.н. поздрав Обединета Македонија. Од сајтот дури и се потрудиле па ги заокружиле местата каде што на фотографијата овој поздрав може да се види.

Заокружиле вкупно 12 места кои ние за потемелно и потранспарентно разнебитување на нивната лажлива пропаганда ги обележавме со соодветен број, од 1 до 12.

Исто така за полесно да се забележи дали на сите места кои ги обележале се гледа т.н. поздрав Обеднета Македонија, пронајдовме иста слика, но со поголема резолуција.

Зошто луѓето од грчкиот сајт искористиле слика во помала резолуција е симптоматично.

Местата кои што беа обележани со помош на фотошоп ги зголемивме и стигнавме до следниот резултат.

1. Сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија.

2. Дефинитивно не! Показалецот и палецот наместо да се допираат тие се исправени, а останатите три прсти наместо да се исприжени, тие се свиткани.

3. Сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија.

4. Дефинитивно не! Показалецот и палецот не се допираат, а останатите три прсти наместо да се исприжени, тие се свиткани и прилепени за дланката.

5. Речиси сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија.

6. Сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија.

7. Дефинитивно не! Показалецот и палецот наместо да се допираат тие се исправени, а останатите три прсти наместо да се испружени, тие се свиткани.

8. Овде едната дланка го држи знамето и не е во поза ниту слична на онаа од поздравот Обединета Македонија. Онаа што се гледа во позадина е со целосно отворена дланка при што сите пет прсти се исправени.

9. Сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија

10. Сигурно се работи за поздравот Обединета Македонија

11. Навидум изгледа дека палецот и показалецот се допираат но тоа е само затоа што се наоѓаат во иста линија и не мора да значи дека се допираат. Освен ова за поздравот Обединета Македонија треба останатите три прсти да се исправени, а во случајов се свиени.

12. Дланката која е понапред е со сите свиени прсти во тупаница и ниту одблизу не наликува на поздравот Обединета Македонија. Онаа дланка која што е во позадина не можам да забележам во каква поза е (чинам дека е со целосно отворена дланка) поради слабата резолуција на фотографијата, ама ако јас не можам да го негирам неговото тврдење, тогаш тој со неговата фотографија која е дури и во помала резолуција исто така не може да потврди дека се работи за поздравот Обединета Македонија.

Конечен резултат е: само на половина од заокружените места може да се види поздравот Обединета Македонија. За останатите 5 од 6те обележани полиња може со висок степен на сигурност да се каже дека не се работи за овој поздрав.

Во превод авторите на грчкиот сајт не се ништо друго туку лажливи пропагандисти кои без срам се лажат и себеси, а и грчкиот народ!

Целта на оваа моја анализа е да покаже со какви валкани трикови, извртување на факти, дефокусирање и непотребно внесување на театралност се служат пропагандистите од југот.

Замислете, најголемиот македонски протест против промена на името, одржан на плоштадот Пела во Скопје, тие лажливо без ниту грам срам го претставија како демек протест на Грците од Скопје???

Во арсеналот на нивните лажливи трикови е и манипулирање со бројки како во случајов. Заокружиле 12 места со надеж дека никој нема да разбере дека половината се всушност неправилно заокружени односно дека на нив го нема она за што тврдат дека го има.

Не наседнувајте на нивните лаги и пред што и да е напишано од нивна страна го прифатите како вистина најпрво проверете го неколкукратно затоа што многу често се работи за обична убаво маскирана лага.

No comments: