Гејлен Р. Фрајсингер (Galen R. Frysinger) е Американец, доктор на науки - пензиониран научник, кој што во последниве педесетина години го има пропатувано поголемиот дел од земјината топка. Со својот фотоапарат овој вистински глобтротер има посетено 180 независни држави и 91 територија.
Во далечната 1957 година тој ја има посетено и Македонија, која во тоа време е дел од федерацијата Југославија.
За време на тогашната посета има направено и неколку дузини фотографии на нашата татковина од тоа време, кои што можете да ги најдете на неговиот веб сајт - www.galenfrysinger.com.
Оваа година пред околу еден месец, тој после половина век, повторно ја посети нашата земја - сега веќе независна и суверена република. Во продолжение за неговите импресии од Македонија прочитајте го интервјуто кое што го направивме со него.
1. Како се случи да ја посетите Македонија за прв пат во 1957 година?
Со мојот тогашен автомобил Фолксваген од Германија, каде што во тоа време бев студент, патував преку Австрија и Југославија до Грција. И така на тој пат се случи да поминам и низ Македонија.
Ноќта спиев во шатор поставен во едно поле покрај патот. Најмногу јадев леб и лубеници и пиев вино.
Оваа година, 2012, сакав одново да се вратам во Македонија, да видам поголем дел од неа и да направам уште повеќе фотографии.
2. Што знаевте за Македонија пред вашата прва посета на земјава?
Во 1957 година знаев малку. Оттогаш научив многу за Македонија. Овде се корените на Александар Велики и Свети Климент Охридски.
3. Дали Македонија, според вас, е добра дестинација за фотографирање?
За време на последната посета во Македонија поминав четири ноќи во Охрид и беше одлично. Стариот дел на градот и црквите се одлични за фотографирaње. Фотографиите кои што ги направив во Охрид можете да ги видите на мојот веб сајт.
4. Вие, како човек кој го има пропатувано речиси сиот свет, најдобро можете да кажете што ја прави Македонија карактеристична и различна од останатите земји?
Ја сакам вашата храна и македонските традиционални носии. Особено ми се допадна полнетиот јагнешки стомак. Ме потсетува на она што мојата баба го готвеше.
5. Какви ви се импресиите од вашата втора посета на Македонија?
Имав можност да видам народни ора од локална група во Охрид. Посебно уживав гледајќи ги народните носии.
6. Се сеќавате ли на некои интересни случки од вашата втора посета на Македонија?
Една вечер решивме да одиме во локален ресторант во стариот дел на Охрид. Беше оддалечен околу 2 милји. Сега јас сум стар и доцна во денот се уморувам многу.
Од хотелот препорачаа да земеме такси. Тие го повикаа и му ја кажаа дестинацијата на таксистот. За неколку минутки бевме таму. За превозот плативме 80 денари. За мене тоа е само околу еден и пол долар.
Па уживав во мојата одлична македонска вечера и за назад повторно зедовме такси кое нè чинеше само 50 денари. После ова уживав во прошетките со такси низ Охрид.
7. Што сè се има сменето во земјава од вашата прва посета на Македонија во 1957 година па до сега?
Македонија сега е европска земја, со луѓе кои што изгледаат среќно, кои што уживаат во својот одмор на Охридското езеро и ја носат истата облека која што ја носи и остатокот од светот (а е произведена во Кина или остатокот од Азија). Старите регионални разлики сега се исчезнати.
8. Дали можеби би го препорачале Охрид како туристичка дестинација на вашите пријатели?
Да, пријатен град, никој не брза и има добра храна.
9. Дали сакате нешто да додадете?
Препорачувам секој посетител во Македонија да се повози на некое од бродчињата долж Охридското езеро.
Јас имав пријатно возење покрај црквата Св. Јован во мало сино бродче, кое го управуваше човек кој што воопшто не знаеше англиски јазик, а и јас не знаев да зборувам на неговиот. Беше релаксирачки и забавно.
А.С. објавено и на Македонска Нација
Сите фотографии се преземени од сајтот www.galenfrysinger.com.

No comments:
Post a Comment