Sunday, June 10, 2012

Македонски знамиња

Случајно пребарувајќи на Ebay ја открив оваа картичка со наслов PC KRUSHEVO KRUSEVO KRUSCHEWO NATIONAL FEST MACEDONIA POSTCARD PHOTO RPPC B/W (Крушево, национална прослава).

На картичката има македонска чета и неколку знамиња. Сликата е со мала резолуција, па не може да се види што е напишано на знамињата, но претпоставувам дека би можело да се види од оригиналната картичка. Ако не за другите барем за она најдесно.

Цената на картичката е 67 долари.


Апел до македонските музеи доколку не располагаат со документација за овие знамиња да се обидат да стигнат до картичката. Греота е да не знаеме ништо за овие знамиња.

No comments: