Sunday, May 06, 2012

Ќе има ли кривично гонење за дивеењето на дел од протестантите

Како што во вчерашниот напис* спомнав, според кривичниот законик на Република Македонија постои основ за кривично гонење на дел од учесниците на протестот од четврти мај. Ова особено важи за човекот кој што пред камера (01:58) се закани дека ќе го наруши јавниот ред и мир, односно дека ќе пали Скопје:

„...Хаос ќе биде Скопје, хаос ќе биде. Ќе го палам со бензин, со бензин ќе го палам...“



МВР кое од опозициските партии беше обвинувано дека не успеало да го превенира петкратното убиство сега е вистинскиот момент да спречи идни терористички напади кои јавно се соопштуваат.

Од извори кои стигнаа до мене на истиот протест било извикувано и „војна со христијаните“ и „смрт за христијаните“ што според кривичниот законик на Република Македонија исто така е казниво поради повикување и поттикнување на верска омраза и нетрпеливост.

Дел од протестантите го нарушија јавниот ред и мир и оштетија приватен, државен и општински имот (Канал 5) - дејствија за кои што не мора ни да спомнувам дека следува кривична пријава:

„Искршени прозорци на општина Чаир, оштетен автомобил... беше скршено и стакло на автобуската постојка... На заминувањето кај Бит пазар беа превртени и запалени неколку контејнери... Група од нив со камења ги искршила и прозорците на општина Чаир.“

Еве како ги туркаат контејнерите (Фото: Маја Златевска, Дневник):

Со оглед на тоа дека постојат снимки како протестантите ја кршат автобуската постројка односно на местото во тоа време се присутни повеќе фотографи и камермани МВР лесно може да ги утврди сторителите. Дневник соопштува и за други дивеења:

„Протестантите фрлија неколку камења кон зградата на кривичниот суд... помалата група од нив превртеа неколку контејнери за собирање на ѓубре“

Исто така дел од протестантите ја нападнаа полицијата (Канал 5) што исто така е казниво со закон:

„Од масата гаѓаа со каменици и чевли кон полицајците.“

На протестот се случи и новинари да бидат физички нападнати и спречени во извршувањето на својата работа од страна на дел од протестантите што повторно е казниво според закон.

За сиве овие дејствија освен директните сторители, кривична одговорност сносат и организаторите на протестот.

Уште на втори мај ни беше пратена информацијата дека во Гостивар се лепат плакати со повик кон етничките Албанци за излегување на протест на четврти мај (кога што и се одржа протестот), па тоа дека протестот бил спонтано организиран на Фејсбук или во некоја си џамија е целосна невистина:

„Пред 30 минути вечерва се лепеа плакати во Гостивар. На ден 4ти петок се организираат за протест...“

Како што беше видено од приложеното има повеќе основи за кривично гонење на дел од протестантите. Уште еднаш ќе потсетам дека токму несанкционирањето на насилниците и терористите од 2001 година резултира со убиството на петтемина недолжни македонски граѓани. Правната држава мора да функционира.

Според медиумите (Дневник) дел од протестантите извикувале и:

“Груевски терорист“...

Дали премиерот на Република Македонија кој што за слична навреда има поднесено приватна тужба, ќе го стори истото и во овој случај?

*Исламистички радикали или терористи на УЧК?

No comments: