ЕУ и НАТО не ме нервираат ниту малку, доволно ја познавам нивната лицемерност и нивниот интерес за ништо да не ме чуди. Од нивна страна сè е јасно. Да сакале и пред сè, да ги почитувале меѓународните правни акти за основните човекови прави и демократијата, за што со полни усти се фалат дека се нивни продукти и темел на нивното дејствување, одамна ќе не подржеа и на Грците ќе им испратеа порака токму онаква каква што им порача Ван Баален:
И работите ќе беа одамна решени... Мене ме нервираат и болат нашите млаки одзиви на нивните притисоци, ме нервираат нивните амбасадори во Македонија и нивната дрскост со која ни се мешаат во внатрешните работи како и нашиот млак одѕив на нивната дрскост. Но од сите највеќе ме нервираат нашите среброљубци, дволични ситни души без трошка акал во главите и почит за народот од чиј грб земаат плати и пензии. Ме нервира тоа што не го почитуваат и не се борат за Македонија, туку константно прават сè против македонскиот национален интерес, од промена на знамето, до привременета референца, до воведување на тројанскиот коњ со преку ноќ бесправно споделени државјанства на Косовари...
Наместо да градиме иднина и просперитет во Македонија ние дваесетиедна година сме ставени во позиција да го браниме идентитетот и името - нешта што ни се од Господ дадени и што се пренесуваат од колено на колено. Во 21 век некој да ти го негира правото на име и идентитет е апсурдно и ако не беше трагично ќе беше дури и смешно.
Уште поапсурдна и манипулативна е пропагандата дека ако тоа не го смениме името, сме биле готови, ќе нè снемало... Лага!
Нас ќе нè снема единствено ако го промениме идентитетот, односно името. Од тој тогаш па натаму нема да постоиме! Историјата ќе ни почнува од тој ден! Еден народ може да ги преживее надворешните напади, но тешко преживува внатрешни сопки, велепредавства - сценарија со кои Македонија намерно и контиунирано се дестабилизира.
И покрај сите напори и обиди за дестабилизација тоа баш и не им успева. Народот е цврст, ниту сме шутраци, ниту пак овци за стрижење. Ние сме достоинствени и горди на својот идентитет и името, на своето славно минато и се радуваме на секој постигнат успех за Македонија на било кое поле.
После сите притисоци од надвор и сите внатрешни сопки, разните сценарија за дестабилизација на државата и на нејзиниот интегритет, суверенитет и економија ние како земја одлично напредуваме. Најмалку сме задолжени, моментално економско најстабилни на Балканот и од светските институции сме оценети како најповолна земја за инвестиции... А за економски и политички бидеме уште појаки и постабилни ни треба сложност и обединетост. Единствено така ќе си ги одбраниме националните витални интереси...
Автор: Македонка Засекогаш
„КОГА ГРЦИЈА ЌЕ БИДЕ ПОРАНЕШНА ПРОВИНЦИЈА НА ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ФИРОМ“

1 comment:
Токму така Македонка Засекогаш !
Со почит те поздравувам !
Post a Comment