Wednesday, May 09, 2012

Протест против притисоците на радикалните терористички групации

Пред малку на неколку места на FB, меѓу кои и на групата Македонци, го забележав повикот за протест, за како што тие наведуваат:

„Против притисоците на радикални терористички групации кон институциите на системот. Протест за праведно разрешување на петкратната терористичка ликвидација кај Смиљковци“

Во повикот се вели дека протестот ќе се одржи во сабота во 13:00 часот, пред објектот на Владата на Република Македонија.

Официјалната страна (јавен настан) на FB е следнава - Протест против радикалниот ислам во Македонија! Креирана е од Нема Играње Со Македонија и моментално 1103 луѓе се пријавиле дека ќе го поддржат ваквиот протест.

Од друга страна пак вчера исто така на FB кружеа повици* со сосема спротивно барање, со кои се сугерираше на македонскиот народ да не се организираат протести бидејќи изходот од нив ќе е на наша штета:

„Повикување и одење на протест од страна на македонскиот народ не е добро и ве повикуваме да бидете смирени, бидејќи покажување на незадоволство од наша страна и од страна на Албанците ќе го ставиме меѓународниот фактор да размислува дека нас, и стварно институциите како МВР и судство се нереални и партиски, тоа ќе му даде легитимитет на албанскиот радикален фактор да биде уште пожесток, потребно е во овој момент да бидеме трпеливи и да сочекаме, радикалните исламисти при радикални дејствија да бидат осудени од меѓународниот фактор, да ние имаме потоа одврзни раце да се справи со нив како Република Македонија.“

*Според мои информации изворот на овој повик е МОС - Македонски Обединети Сили. Текстот заради веродостојност е пренесен со изворно употребените зборови и интерпункција за кои сме свесни дека се далеку од правилни.

4 comments:

Anonymous said...

Трпеливост хаааа, а бе никако да разберат дека трпение не е секогаш спасение, туку изговор за неспособност и немање волја. Кога протестираа Македонците, не ги пуштија да ја помирисаат владата,специјалците беа дури кај пошта, а кога протестираат овие другиве за правата на радикалистите, не видов некој да им направи проблем.Изгледа специјалците се плашат од нив. Ми се повраќа.

Anonymous said...

Трпеливост не е секогаш спасение но овој протест вака како што е организиран не е реѓение.Ќе се протестира пред владата како демек таа е таа која го поттикнува и штити радикалниот ислам.Ако навистина се сака да се протестира против радикалниот ислам тогаш тие протести треба да се одржат во петок паралелно со протестите на радикалните исламисти и маршутата да е идентична со нивната.А вака како што е можам да кажам дека е гола вода и може да биде контрапродуктивен ако тоа и не му е намерата.

Anonymous said...

Истовремен протест би било многу добро, не ми падна на памет. За тие што ќе бидат “радикални исламисти“ не посакувам ништо, на глава ми се качени, ама во таа ситуација, Македонците не смеат да реагираат на провокации и за жал, не верувам дека би имале самоконтрола и дека нема да почнат со фрлање камења и тепачки.

Anonymous said...

Сите на протест!