Monday, May 07, 2012

Следбеници на џихадот во Македонија!

Да, да добро прочитавте - следбеници на џихадот, односно муџахедини, во Македонија. На протестот од петокот (4-ти мај) се вееја повеќе знамиња, а меѓу нив беше и она на фотографијата* долу (десно).

Се работи за навидум обично знаме, со некакви си арапски букви, но ова всушност е знамето на џихад кое го носат оние кои што убиваат невини луѓе во името на исламот.

Еве што за ова знаме велат од FOTW (Gontzal Royo, 8 April 2003):

„This black flag with the Shahada in white on it is the RAYAH, the flag of the Jihad in Islam. Not the banner of single group claiming for Jihad but the banner of the Jihad. The flag is Black and the Shahada always remains in white. Every Muslim fighting in Jihad will hold this flag. You can find the Rayah over the shoulders of Muslim fighters in Chechnya, sometimes in the street of Palestine, in Bosnia was very used by the "Black Swans" group of the Muslim Bosnian Army.“

Слободен превод:

„...Ова е знамето на џихад... Секој муслиман кој што се бори за џихад ќе го носи ова знаме...“


The "black flag of jihad" as used by various Islamist organisations (since the late 1990s)

Слободен превод:

„Црното знаме на џихад, користено од различни исламистички организации (од крајот на деведесетите години на минатиот век)“

Упатуваме апел до МВР особено да обрне внимание на учесниците на овој протест и да делува превентивно.

И за крај видете ја фотографијатa* долу, односно пораката на еден од учесниците на протестот: „Islam will dominate the world“ (Исламот ќе господари со светот).

*Фото: Маја Златевска, Дневник)

No comments: