На вчерашниот протест за ослободување на осомничените за петкратното убиство, кој беше проследен со вандалски дела, учествуваа и деца! Користењето, односно искористувањето на децата за политички цели е одвратно, крајно неморално и кривично дело.
Фото: Горан Момироски (превземена)
Во врска со ова Џејсон Мико на својот FB профил напиша:
Слободен превод:
Загрижувачко е злонамерното искористување на овие деца за подгревање на меѓуетнички и меѓуконфесионални тензии во Македонија. Имајќи ја предвид нивната возраст, децата не се ни свесни за своите дејствија и едвај знаат за што протестираат. Некој возрасен ги излажал дека тие (припадниците на нивниот етнос или религија) се угнетувани, дека со извикувањето на погрдни зборови придонесуваат за остварување на нивните идеали и ги однел таму „да протестираат“.
Главниот проблем е дека во иднина овие деца ќе растат со наметнатата свест дека се угнетувани од „лошата држава“ и со тоа самите ќе станат индивидуи кои погрешно веруваат дека на некој начин цело време се оштетени иако всушност не се. Поради таквата наметната свест наместо судбината да си ја земат во свои раце и да се интегрираат во системот, тие виновниците за нивниот личен неуспех ќе го пронаоѓаат во сите други освен во самите нив.
Родители од сите етноси и сите религии од Македонија, не дозволувајте вашите деца да бидат објекти за еднократна употреба, затоа што кога тогаш вашата неодговорност и лагите на оние на кои што сте им ги препуштиле ќе им се наплатат и од нив ќе направат ментални инвалиди неспособни да размислуваат надвор од колективот на племето.

"These kids are so wrong, very misguided and, "useful fools" to those who mean to do Macedonia harm. "
Слободен превод:
„Овие деца грешат многу, водени се погрешно и се „корисни будали“ на оние кои што сакаат да и наштетат на Македонија.“
Загрижувачко е злонамерното искористување на овие деца за подгревање на меѓуетнички и меѓуконфесионални тензии во Македонија. Имајќи ја предвид нивната возраст, децата не се ни свесни за своите дејствија и едвај знаат за што протестираат. Некој возрасен ги излажал дека тие (припадниците на нивниот етнос или религија) се угнетувани, дека со извикувањето на погрдни зборови придонесуваат за остварување на нивните идеали и ги однел таму „да протестираат“.
Главниот проблем е дека во иднина овие деца ќе растат со наметнатата свест дека се угнетувани од „лошата држава“ и со тоа самите ќе станат индивидуи кои погрешно веруваат дека на некој начин цело време се оштетени иако всушност не се. Поради таквата наметната свест наместо судбината да си ја земат во свои раце и да се интегрираат во системот, тие виновниците за нивниот личен неуспех ќе го пронаоѓаат во сите други освен во самите нив.
Родители од сите етноси и сите религии од Македонија, не дозволувајте вашите деца да бидат објекти за еднократна употреба, затоа што кога тогаш вашата неодговорност и лагите на оние на кои што сте им ги препуштиле ќе им се наплатат и од нив ќе направат ментални инвалиди неспособни да размислуваат надвор од колективот на племето.
No comments:
Post a Comment