Friday, April 27, 2012

Знаме на етничките Албанци од Македонија

Како што спомнав во една претходна статија етничко знаме на Албанците во Македонија неправилно е идентично со она на државата Албанија. Ова е противзаконски затоа што веење на странско државно знаме на територија на Македонија е еднакво на окупација (со исклучок при посети на претставници од соодветна земја).

За овој проблем да се реши при што задоволни би биле и етничките Албанци, а не би биле повредени македонските закони од страна на македонското хералдичко друштво беше предложено на знамето кое етничките Албанци во Република Македонија го употребуваат како етничко, а всушност е знаме на држава, да се додаде жолта вертикална лента (врска) или жолто црвена вертикална лента (врска) во лево. Ваквиот предлог до сега не доби подршка.

Предлог за етничкото знаме на Албанците од Македонија да биде различно од она на државата Албанија даде и пратеничката Силвaна Бонева во 2005 година (врска):

"Пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, завчера во Собранието предложи за прашањето на изгледот на знамето на албанската заедница во Македонија да се примени формулата на Албанија во однос на тамошната грчка заедница.

Според неа, таквото решение е прифатливо за сите во Македонија, односно знамето на македонските Албанци да биде поинакво од државното знаме на Република Албанија.

Во Македонија мора да се спроведе моделот од Албанија, каде што грчкото малцинство употребува знаме поинакво од државното знаме на Грција - рече таа."

Сметам дека едно знаме па макар и етничко треба да биде естетски издржано - нешто што со накалемување на лента не е изводливо, а во исто време и уникатно што значи различно од она на матичната држава на таа етничка заедница. Затоа изработив неколку албански етнички предлог знамиња кои сметам дека се добра основа за конечно решавање на овој проблем.

Сите подолни предлог знамиња се правени врз основа на знамето на Албанија, со колку што е можно помали измени кои сепак би биле лесно воочливи за да се направи разлика меѓу етничкото знаме на Албанците во Македонија и државното знаме на Албанија.

Предлог знамињата примерно се за да се покаже дека е можно да се избере ново етничко знаме кое иако ќе е различно од државното знаме на Албанија сепак нема со ништо да го нарушува идентитетот на таа етничка заедница.

Во првите три предлог знамиња покрај боите карактеристични за знамето на Албанија е додадена и жолта боја која би ја претставувала жолтата боја на сонцто од македонското знаме. Со тоа етничките Албанци би покажале и поврзаност со државното знаме на Македонија и би покажале дека се дел од Македонија.

Првото знаме е црвено со жолт правоаголник лево кој зафаќа една четвртина од вкупната должина на знамето. Орелот исто така е поместен на лево како прекривал еднаква површина од жолтата и од црвената позадина.

Во второто предлог знаме орелот исто така е поместен лево, а позадината е црвена која зафаќа 4 петини од ширината на знамето, со две црвени хоризонтални ленти една горе и една долу кои се со ширина една десетина од ширината на знамето (двете една петина)

Третиот предлог знаме е идентичен на вториот со таа разлика што орелот не е поместен в лево и е централно (како на знамето на Албанија).

Долните две предлог знамиња се без жолта боја и се само во црвено и црно.

Првото е поделно со коса линија на два триаголници: горен лев којшто е црвен и во којшто е поместен црниот орел и долен десен којшто е црн.

Второто предлог знаме пак е со црвено црна позадина. Црната е лево и е една четвртина од целокупната должина на знамето, а црвената десно. Орелот е поместен в лево и прекрива еднаква површина од црвената и од црната позадина. Левата страна на орелот е црвена, а десната црна.

Сите предлог знамиња (со исклучок на оние на македонското хералдичко здружение) се изработени од А.С.

1 comment:

Anonymous said...

http://www.youtube.com/watch?v=mpYllE2AxrI
Предлог ко предлог,колку да има како да се заработи пратеничкиот леб,BY :)