Monday, April 16, 2012

Национална дезидентификација

Тешко ми е кога гледам како се одвива национална дезидентификација на македонскиот народ. Во името на ЕУ, НАТО и слични сојузи подмолно се релативизира културниот, етничкиот, идентитет на Македонескиот народ. Неговите обичаи, неговиот етнолошки идентитет, неговото домашно воспитување, неговите навики, бледнеат и се губат и се заменуваат со стерилни декрети „од горе“, од посочените сојузи.

Треба ли во името на сојузот со ЕУ да се изгубиме себе си? Овде не мислам на спорот за името со Грција. Тоа е тривијална работа. Многу поопасни се правилата и законите кои без филтер се превземаат и имплементираат во нашето социолошко ткиво. Се применува една глобализација, едно „мелење на состојките“, каде сите ќе бидеме едно исто, една „каша од народи“ каде нема да се разликуваме едни од други, слично како во SF филмовите каде што постојат милиони клонови, своевидни „зомби робови“.

Се применуваат и ќе се применуваат правила и прописи несвојствени за нас кои ќе мораме безпоговорно да ги почитуваме и практикуваме. Затоа сум против сојузи во кои ќе мораме да се потчинуваме на туѓи декрети и мислењето на мнозинството. Станува збор само за еден подмолен начин за воведување на неоколонијализам, неоимперијализам и неофашизам...

Автор: Златко КУЗМАНОВСКИ

No comments: