Thursday, April 19, 2012

Петиција за одземање на Пулицеровата награда на Associated Press

Пред околу 20тина часа покрената е петиција за одземање на Пулицеровата награда на агенцијата Associated Press поради необјективно информирање односно изнесување на невистини во врска со етничката припадност на петтемина убиени на Железарското езеро во близина на Скопје и лажно наведување дека мотивот за повеќекратното убиство е етнички (демек се убиени од страна на етнички Македонци само поради тоа што божем биле етнички Албанци).

Петицијата е покрената од Наташа Доковска и моментално има 81 потпис.

Доколку и вие сакате да ја потпишете клинете овде - Change.org

Целосниот текст на петицијата:

PETITION FOR REVOCATION OF THE PULITZER PRIZE FROM AGENCY ASSOCIATED PRESS BECAUSE OF BIASED INFORMATION ABOUT THE MURDER OF FIVE YOUNG PEOPLE NEAR SKOPJE

At a moment when the media in Macedonia are invited to be conscience to bring awareness and peace among citizens, fulfilling their primary purpose to be objective, impartial and fair on reporting of public events, we remain stunned by the fact that a medium which should serve as an example especially that these days it’s status is confirmed by obtaining the Pulitzer prize, the agency "Associated press" is rather an example of how journalists shouldn’t work.

We, the citizens of Republic of Macedonia consider that by editing incorrect information the world ranking press agency "AP", acted unfair - at the least, given the fact this information found its way to millions of users who whole heartedly believe it, so disrupting the peace of Macedonia precisely at a moment when media are invited to be the system which will be appeal for awareness and peace.

The agency "AP" can not repair the damages by any "correction", apology or republishing the right information about events in Macedonia, but it can try not to repeat the "attempt" to undermine the fragile democracy that all Macedonian citizens worthwhile cherish over the years.

We, the citizens of Macedonia, ask the Board awarding the Pulitzer Prize, to revoke the award from the “Associated Press” and thus demonstrate the stands for real and objective journalism.

ПЕТИЦИЈА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ПУЛИЦЕРОВАТА НАГРАДА НА АСОШИЈЕТЕД ПРЕС ЗА НЕОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ
ЗА УБИСТВОТО НА ПЕТТЕМИНА КАЈ ЖЕЛЕЗАРСКОТО ЕЗЕРО

Во момент кога медиумите во Република Македонија се повикуваат да бидат совеста која ќе внесе разум и смиреност меѓу граѓаните, исполнувајќи ја нивната примарна цел да бидат објективни, непристрасни и коректни пренесувачи на јавните збиднувања, останавме вџашени од фактот дека медиум кој треба да служи за пример во новинарското работење, посебно што деновиве тој статус го потврди со добивање на Пулицерова награда, агенцијата „Асошиејтид прес“ е напротив пример за тоа како не треба да работат новинарите.

Ние, граѓаните од Република Македонија сметаме дека објавување на неточни информации на светска агенција од рангот на „АП“ е во најмала рака некоректно, со оглед дека таа информација го наоѓа патот до милиони корисници кои безрезервно и веруваат, нарушувајќи го така мирот на Македонија во момент кога токму медиумите се повикуваат да бидат разгласот преку кој се апелира на смиреност и разум.

Агенцијата „АП“ не може да ја поправи штетата која ја направи со никаква „исправка“, извинување или реобјавување на вистинската информација за настаните во Република Македонија, но може да се потруди да не се повтори „обидот“ за поткопување на кревката демократија која сите граѓани на Република Македонија вредно ја негуваат изминатите години.

Ние, граѓаните на Република Македонија БАРАМЕ од Бордот за доделување на Пулицеровата награда, да и ја одземе истата на агенцијата „Асошиејтид прес“ и на тој начин да покаже дека се залага за вистинско и објективно новинарство.

2 comments:

Anonymous said...

Новинската агенција Асошиејтед Прес ја доби Пулицеровата награда за Истражувачко новинарство за 2012 година, на 17ти Април 2012 година.

Истиот ден Асошиејтед Прес, направи нешто многу непрофесионално, неодговорно и крајно ризично за мирот во нашата земја, Република Македонија.

Ние, граѓаните на Република Македонија, мораме да го кренеме гласот и да се бориме против медиумската пропаганда со која сме соочени.

Затоа, бараме од сите Вас да ни се придружите во нашата борба и да ни помогнете да ја постигнеме целта!!

Вашиот потпис е драгоцен во овие деликатни моменти за Република Македонија.

Ве молиме отворете го и прочитајте го линкот даден подолу и потпишете по сопствена воља.

www.change.org

Ви благодариме на вниманието и потписот!

Македонска Граѓанска Група за откривање на пропаганда против Македонија

Anonymous said...

News Agency Associated Press wоn the Pulitzer Prize for Investigative journalism for 2012 on 17th of April 2012

The very same day Associated Press did something very unprofessional, irresponsible and highly risky for the peace in our country Republic of Macedonia.

We the citizens of Republic of Macedonia have to raise our voice and fight against media propaganda We are facing .

Therefore We ask all of you to join our cause and help in reaching the goal !!

Your sign is precious in this very delicate moments for Republic of Macedonia.

Please open and read the link below and sign on your free will.

www.change.org

Thanks for your attention and signing !

Macedonian Civil Group for exposure of propaganda against Macedonia