Tuesday, April 17, 2012

Брест, Штип 360

Вчера присуствував на 18. Велигденска средба на Македонците од Егејот во манастирот „Свети Пантелејмон“ во село Брест (Штип) и посетата меѓу другото ја искористив да направам неколку фотографии од тамошната преубава природа:


Brest 1 in Europe


Brest 2 in Europe


Brest 3 in Europe

Со оглед на тоа дека ова се мои први панорамски (цилиндрични) фотографии од 360 степени сум прилично задоволен од тоа како излегоа. За креирање на првата панорама ми беа потребни 11, за втората 16 (вертикални), а за третата 10 фотографии.

1 comment:

Anonymous said...

МАКЕДОНСКИ ЕГЕЈ

18. ВЕЛИГДЕНСКА СРЕДБА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ ВО БРЕСТ

16 април 2012 година, Штип, Македонија - Денес во манастирот “Свети Пантелејмон“ во село Брест, Штипско, здружението “Македонски Егеј“ ја одржа 18. традиционална Велгиденска средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Пред присутните беше изведена богата културно-уметничка програма.

Македонците од Егејскиот дел на Македонија ги поздравија градоначалникот на општина Штип Зоран Алексов, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов и претседателот на здружението Македонски ЕГЕЈ од Штип Јордан Тунев.

- Христ Воскресе, во името на Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет Ви упатувам искрени честитки по повод Велигденските празници. И понатаму остануваме посветени на трајно решение на граѓанските и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни во 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција во 1946-1949 година. Остануваме обединети во одбрана на државното име Македонија. Очекуваме помош од Владата на Република Македонија во остварувањето на нашите човекови и граѓански права и слободи. На светот му порачуваме дека ова е Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонски, така било, така и ќе остане. Прочистувањето на фреските во црквата Свети Димитрија во Скопје е порака од Бога дека е со Македонија, како што ние сме со Него. Се надевам дека на 19. Велигденска средба во манастирот Свети Пантелејмон во Брест, штипско, ќе бидеме побројни, весели, живи и здрави, обединети за Македонија. Нека Господ Бог Ве благослови сите Вас и Македонија, - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

- Почитувани браќа и сестри Македонци, упатувам искрени поздрави од името на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН до Македонски ЕГЕЈ од Штип и оваа традиционална Велигденска средба во манастирот Свети Пантелејмон во Брест, Штипско. Повикуваме на семакедонско помирување и обединување. Тоа им го должиме на генерациите прогонети Македонци од Егејот. Посветени сме на трајно решение на граѓанските и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија. Веруваме дека Владата на премиерот Никол Груевски ќе помогне во остварувањето на нашите права и затоа целосно ја поддржуваме. Остануваме посветени во одбрана на државното име Македонија. На светот му повторуваме дека ние не сме Егејци, Пиринци или Вардаци, сите ние сме Македонци! Да живее Македонија! - рече претседателот на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Ташко Јованов.

На Велигденската средба присуствуваше бројна делегација Македонци од Пиринскиот дел на Македонија од ОМО ИЛИНДЕН и Македонското друштво Сонце од Родопите.

Кирил Иванов од ОМО Илинден во Бугарија, изјави дека нивното барање за регистрација на здружението од Стразбур повторно е вратено во судот во Софија.

- Повторно нашето барање треба да го доставиме пред софискиот суд. Се вртиме во круг, но се надеваме дека ќе ги добиеме нашите права, - рече Иванов.

Меѓународниот суд во Стразбур ги врати барањата за враќање на имотите на Македонците од Егејска Македонија, со образложение дека најпрво треба правдата да ја побараат во судовите во Грција, изјави Ташко Јованов, претседател на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН. Јованов додаде дека правата ќе си ги бараат со формираното координативно тело за егејското прашање при Владата на Република Македонија и посочи дека тројца Македонци од Егејскиот дел на Македонија добиле од Грција лични документи, така што слободно можат да одат во своите родни места.

Средбата продолжи со општонародна веселба со македонски песни и ора.