На 31 март 2012 година, од 20:30 до 21:30 часот исклучи ги и ти електричните светла (и другите електрични уреди) во својот дом и стани дел од интернационалната иницијатива Час на земјата (Earth Hour).
Час за Земјата е светски настан, организиран од страна на WWF, кој се одржува секоја година, на денот на последната сабота од месец март.
Целта на овој настан е преку поттикнување на домаќинствата и компаниите да ги исклучат своите несуштински светла за еден час да се подигне свеста за преземење на дејства во врска со климатските промени.
Од Демократска обнова на Македонија, кои по овој повод на FB имаат креирано настан, порачуваат:
Часот за Земјата за прв пат е замислен од страна на WWF и Сиднеј Морнинг Хералд во 2007 година, кога 2,2 милиони жители на Сиднеј ги исклучиле сите свои несуштински светла.

Во сабота, 31 март, од 20.30 – 21.30 часот планетата Земја ќе потоне во потполна темница!!! Не станува збор за некакво црно сценарио, туку за планетарната еколошка акција - „Часот на Земјата“ - „Earth Hour” што се организира по шести пат и во која се вклучени над 140 земји во светот.
Република Македонија годинава за прв пат ќе биде ставена на светската мапа на земјите учеснички во оваа акција во која учествуваат над две милијарди луѓе.
Затоа, ДОМ упатува апел до сите граѓани на Македонија, до институциите на централната и на локалната власт и до сите други организации:
ПРИКЛУЧИ СЕ КОН СВЕТОТ, ИСКЛУЧИ ЈА СТРУЈАТА!!!!
Во акцијата може да се вклучат сите граѓани на Република Македонија, со тоа што од 20.30 - 21.30 ќе го исклучат осветлувањето во своите домови, локали, деловни објекти, организации, институции.
Поддршката на „Часот на Земјата“ можете да ја направите и со споделување на настанот по вашите Фејсбук пријатели. Исто така можете да објавувате мислења, фотографии, забелешки, сугестии.
ОБЕДИНЕТИ НАРОДИ ЗА ЗАШТИТА НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!
Часот за Земјата за прв пат е замислен од страна на WWF и Сиднеј Морнинг Хералд во 2007 година, кога 2,2 милиони жители на Сиднеј ги исклучиле сите свои несуштински светла.
No comments:
Post a Comment