Освен што беше реизбран за претседател на политичката партија ДС, денес Павле Трајанов предложи и консултативен референдум за компромис за името (Sky, Недела, 18 Март 2012 16:15):
Немам ништо против референдум, но во ситуација кога кристално јасно е оти мнозинството од граѓаните на Македонија се против промена на името на Македонија, не гледам причина зошто да се фрлаат пари во ветрот. Од моето досегашно следење на ситуацијата ниту во еден момент не сум почуствувал оти има сомнеж за тоа какво е расположението на македонските граѓани по тоа прашање.
Повеќе пати и тоа со убедливо мнозинство, македонските граѓани се имаат изјаснето оти се против промена на името, а блогерската анкета долу (2010) е само уште еден мал доказ во низата*.
Дали се согласувате за промена на името на Република МАКЕДОНИЈА како услов за влез во ЕУ и НАТО?
Референдумска анкета (2009) креирана од Мартин С.
*Гласајте, а доколку сте блогер и сакате да ја поставите анкетата на вашиот блог, пишете ми порака или оставете коментар со вашата е-пошта (заменете @ со [ат]) и ќе ви го испратам кодот најбрзо што можам.
Трајанов предложи консултативен референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се и за каков компромис во преговорите со Грција.
Со референдумот ќе се обезбеди сојуз на сите политички и граѓански сили, што на македонските преговарачи ќе им овозможи со мандат од граѓаните, посуштински да се вклучат во разговорите и да пронајдат решение за деблокирање на евроатланските процеси.
Немам ништо против референдум, но во ситуација кога кристално јасно е оти мнозинството од граѓаните на Македонија се против промена на името на Македонија, не гледам причина зошто да се фрлаат пари во ветрот. Од моето досегашно следење на ситуацијата ниту во еден момент не сум почуствувал оти има сомнеж за тоа какво е расположението на македонските граѓани по тоа прашање.
Повеќе пати и тоа со убедливо мнозинство, македонските граѓани се имаат изјаснето оти се против промена на името, а блогерската анкета долу (2010) е само уште еден мал доказ во низата*.
Дали се согласувате за промена на името на Република МАКЕДОНИЈА како услов за влез во ЕУ и НАТО?
Референдумска анкета (2009) креирана од Мартин С.
*Гласајте, а доколку сте блогер и сакате да ја поставите анкетата на вашиот блог, пишете ми порака или оставете коментар со вашата е-пошта (заменете @ со [ат]) и ќе ви го испратам кодот најбрзо што можам.
1 comment:
Светскиот Македонски Конгрес го отфрла предлогот на Демократскиот сојуз за консултативен референдум за компромис за државното име Македонија. Прашањето за државното име е затворено со задолжителниот референдум од 8 септември 1991 година, кога народот и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!
Post a Comment